Мажите ќе бидат непотребни

Пресврт во науката може да им овозможи на жените во иднина да произведуваат сперма. Научници во Англија успеале ембрионски стем клетки да ги претворат во сперма и тоа плодна. Ваквиот исчекор веројатно ќе води до нови откритија во третирањето на машката неплодност, па дури и до можноста жените сами да си произведуваат сперма.

Истражувачите на Универзитетот во Њукасл велат дека овој напредок со понатамошна работа би можел да лекува одредени типови на неплодност кај мажи, па дури и еден ден да им овозможи на лезбијските двојки да имаат деца, кои и генетски би биле нивни.

Во експериментот се користеле ембрионски клетки за произведување на седум глувчиња, од кои шест успеале да преживеат. Сепак, преживеаните пателе од несакани појави, слични на оние што се веќе видени при експериментите со клонирање.

Истражувачите изолирале ембрионски стем клетки од неколку дена стар ембрион. Клетките биле одгледувани во лабораторија и од нив се изолирани сперматогонијални стем повици, кои потоа се одгледани и инјектирани во јајце од женка глушец и израснати во ембриони во рана фаза.

Истражувачкиот тим смета дека проектот ќе помогне во разбирањето на биолошкиот процес во кој се произведува сперма, што би помогнало во идните третмани за јаловост.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Волку, згрешивте со една буква.
Требаше да ме ИЗЕДИТЕ!!!
(трудна црвенкапа)
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1607.- Капетан Џон Смит со група војници...
1792.- Роден е италијанскиот свештеник Џовани...
1795.- Во Кабеларево е роден Павел Јозеф...
1809.- Трупите на францускиот цар Наполеон Први...