Откриена ДНК на непознат прачовек од пред 40.000 години

Генетскиот материјал од коските пронајдени во пештера во Сибир покажува дека заедно со модерните луѓе и неандерталците на Земјата живееле уште еден вид прачовечки суштества, соопштија германските научници.

Се работи за засега непознат вид хоминиди, а до откритието било дојдено по истражувањето на ДНК од митохондриите од пронајдените коски. Јоханес Краус од „Макс Планк“ институтот за еволуциска антропологија, објасни дека научниците ја споредиле добиената ДНК со човечка, мајмунска и неандерталска.

ДНК-та изгледала како човечка, но генетските кодови всушност се многу различни, напиша Краус во списанието  Nature. Анализите на ДНК покажуваат дека кај „Жената X“, како што во моментот ја нарекуваат, се работи за линија хоминиди кои се одвоиле од линијата од која настанале модерните луѓе и неандерталците.

Жената Х припаѓала на линијата хоминиди кои живееле во исто време со луѓето и неандерталците пред околу 40.000 години на Сибир. ДНК не открива ништо за изгледот и физичките карактеристики на видот или за тоа дали таа имала контакт со модерните луѓе.

Научниците велат дека е можно овој вид да е поврзан со хомо флоресинесис, или „хобит“, минијатурен вид кој живеел во денешна Индонезија пред 17.000 години. Научниците веќе некое време безуспешно се обидуваат да ја извлечат ДНК од коските на „хобитите“, но поради влажните услови во кои коските се пронајдени, тоа речиси е невозможно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се враќа Мујо дома од работа и ја затекнува Фата со Хасо:
- Добро бе Хасо, биваше ли ова да ми го направиш?! Па заедно во школо одевме, најдобри другари бевме, кум ми беше на...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1784.- На островот Кодијак, на Алјаска формирана...
1867.- Роден е Џон Голсфорди, англиски писател,...
1909.- Во Солун е извршен втор неуспешен обид за...
1915.- Во селото Никифорово, гостиварско, е...