Наскоро евтин вештачки бензин од 22 евроценти

Вештачкиот бензин, кој го произведоа британските научници ќе чини само 22 евроценти, а во употреба би можел да биде за три до пет години.

Британските научници усовршуваат вештачки бензин на база на водород, кој ќе може да ги придвижува постојните автомобили и мотори, а кои ќе чини значително помалку од конвенционалниот бензин.

Водородот во составот на бензинот целосно ќе го замени јаглеродот, така што нема да има емисија на штетни гасови, со што вештачкиот бензин ќе биде еколошки прифатлив и многу поевтин.

Првите тестови ќе бидат објавени во текот на следната година, а новиот бензин во продажба би можел да се најде за три до пет години.

- Водородот е совршено гориво. Поседува три пати повеќе енергија од бензинот, а кога согорува произведува само вода. Нашиот нов материјал за складирање водород ни нуди можност новиот бензин да придвижува автомобили, авиони и слично, изјави предводникот на проектот, професорот Стефан Бенингтон.

Дури и со сите даноци, литар вештачки бензин нема да чини повеќе од 70 евроценти. Енергијата на водородот може да се искористи со согорување на овој гас или негови комбинации во кислород во горливите ќелии, во кои се создава електрична енергија.

Методите за складирање на водородот засега се несигурни и скапи. За да го заобиколат овој проблем, научниците од лабораторијата Rutherford Appleton во близина на Оксфорд, со колегите од Универзитетскиот колеџ во Лондон и од Универзитетот Оксфорд, пронашле ефикасен начин за складирање водород. Тоа се мали топчиња во форма на перли, кои можат да се стават во пумпите како што тоа се прави со конвенционалниот бензин.

- Развивме мали топчиња кои можат да се користат за бензински мотори и да го заменат течниот бензин, при што не се потребни модификации на моторот. Топчињата се исто така базирани на водород, така што при согорување не произведуваат штетни гасови, вели Стефан Фолкер од компанијата Cellar Energy која ја развива оваа технологија.

Иако водородот е евтин како и вештачкиот бензин, тоа не значи дека владите на земјите нема да сакаат дел од колачот и да ги зголемат даноците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...