Сонцето причина за катастрофите

Дали катастрофалните пожари во Русија и уште полошите поплави во Пакистан се конечен доказ за последици од промена на климата? Можеби не се, но постои барем една работа која им е заедничка...

Минхенскиот весник „Зидојче Цајтунг“ за поплавите во Пакистан и пожарите и жештините во Русија пишува:

„Сосема е можно во прашање да е исклучително лето во кое полето на висок притисок е блокирано над Русија, додека во другиот дел на светот настапува лошо невреме, едно по друго. Меѓутоа тие катастрофи се прогнози на научниците за последиците од промена на климата. Од таа гледна точка, денешните вести како да се од 2040 година. Доколку научниците се во право тогаш генерацијата одмана е родена, таа која на своја кожа ќе ги почувствува последиците од промената на климата“, пишува „Зидојче Цајтунг“.

Претпоставки, а не научни тези

Во опширен текст во весникот Велт се истакнува еден поинаков став и покрај другото пишува:

„Во врска со тезите дека 2010 година, веќе во текот на овие први осум месеци е најтопла година откако се бележат метеоролошките податоци, често се укажува дека сегашните природни катастрофи се последица од промена на климата. Така неодамна во една телевизиска емисија по повод пожарите во Русија и поплавите во Пакистан, беше истакнато дека тука се гледаат ‘климатските промени на дело“.

Меѓутоа, врз основа на статистичките податоци од претходните децении такви врски не се гледаат. Ако внимателно се наслушне, се забележува дека од научниците, чии зборови на крај се цитираат како доказ за тие тези, најмногу може да се извлече тоа дека идните природни катастрофи можат да бидат почести и со поголеми размери. Но, тоа е само претпоставка, а не научно тврдење.

Што се однесува до минатото може да се констатира едно, дека енормно расте бројот на луѓето кои се погодени од природни катастрофи (поради растот на светското население) и висината на штетата. Затоа иднината ја гледаат во лошо светло претставниците на Заводот за реосигурување кои се многу активни во дебати за промена на климата. Имено, тие се надеваат дека поради зголемениот страв ќе можат да наплатат и поголеми премии, а тоа го признаваат. Меѓутоа и тие целосно не се согласуваат со тезите дека постои јасна статистичка врска меѓу климатските промени и зачестеноста и размерите на природните катастрофи. Секако, не е исклучена можноста тоа да се случи во иднина. Но, развојот може и да оди во друг правец.

Забавување на активноста на Сонцето

Не така одамна, по неколку сезони на посебно силни урагани, медиумите тоа го прогласија за конечен доказ на меѓузависност на природните катастрофи и климатските промени. Меѓутоа, од ураганот Катрина во 2005, состојбата се смири. Всушност, ураганите одамна се појавуваат во циклуси а нивната силина варира. Факт е дека во последните 150 години силата на ураганите кои го погодуваат американското тло, во просек не е променета.

Не би било коректно да се објаснува немањето на урагани со невообичаено силна монсунска година. А ниту пожарите во Русија оваа година не беа со поголеми размери од изминатите години. Една мала фатална разлика е во тоа што оваа година пожарите ги зафатија шумите во близина на Москва, па така загрозија повеќе луѓе и привлекоа поголемо внимание во меѓународните медиуми.

Сепак има нешто заедничко меѓу поплавите во Пакистан и пожарите во Русија: и поплавите и пожарите се последица од невообичаената временска слика која во Русија предизвика високи температури, суша и пожари, а во Пакистан обилни дождови и поплави.

Врз основ на историјата на активноста на Сонцето и климата, во угледното списание „Њу сајентист“ научниците ја изложија тезата дека и едното и другото се предизвикани од успорување на Сончевата активност. „Имено, намалената активност на Сонцето го успори силниот млаз на воздух кој кружи околу Земјата од запад кон исток. Како тие ветрови влијаат на времето и доведуваат до добредојдени промени, така запирањето на струењето доведе до спротивното: до непроменливи временски прилики од кои Русија и Пакистан имаат катастрофални последици. Многу брзо се заклучи дека таму на дело е ‘промена на климата’, но тоа не значи и дека тој заклучок е точен“, пишува „Велт“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...