Новооткриената планета е наречена Gliese 581g, слична е на планетата Земја и има услови за живот, тврдат научниците кои цели 11. години ја истражуваа и посматраа од опсерваторијата „WM Keck" на Хаваи.

Тимот научници објави дека пронашле планета со големина на Земјата, која кружи околу една ближна ѕвезда и дека најверојатно на планетата има вода.
Доколку ова тврдење се докаже, планетата Gliese 581g ќе се смета за најслична на нашата планета и ќе се започнат понатамошни истражувања.

- Самиот факт што толку бргу откривме ваква планета, зборува дека најверојатно има голем број планети слични на земјата, изјави научникот Стивен Вогт.
Масата на новооткриената планета Gliese 581g е три до четири пати поголема од Земјината, а нејзиниот орбитален период е пократок од 37. дена.