За сите оние кои веруваат во апокалипсата 2012 година пристигнаа добри, односно лоши вести. Добрата вест е дека календарот на Маите можеби нема да заврши на 21 декември 2012 година, што значи и дека нема да има пропаст на светот. Лошата вест за сите кои веруваа во пророштвото е што не се знае кога календарот ќе заврши или веќе завршил.

Новата критика на древните Маи е објавена како поглавје во книгата „Календари и години 2: Астрономија и време на стариот и среден век“, во која авторот Џерардо Алдана тврди дека дошло до грешка од 50 до 100 години во пресметувањето на календарот на Маите во модерниот календар.
Тоа значи дека и долго најавуваниот пропаст на светот во 2012 година би можел да биде „промашен“ за неколку децении, а сега се доведени до сомневање и датумите на настаните од историјата на Маите, пишува LiveScience.com.
Ова „претскажување“ се појави кога е утврдено дека по календарот на Маите токму 21 декември 2012 година означува крај на 500-годишниот временски период, кои што некои го прокоментираа како катаклизмичка закана за светот.

Маите тој настан го предвидоа уште пред пет милениуми, а одделни експерти веруваат дека Земјата ќе ја зафатат низа катастрофи, како урагани, земјотреси, разорни вулкански ерупции, поместување на северен и јужен пол и други климатски промени.