„Крајот на светот“ по ерупцијата на вулканот Пујевеј

Вулканот Пајхуе, на југот на Чиле, „се разбуди“ во неделата по скоро половина век. Поради силната ерупција, чии фотографии асоцираат на крај на светот, 3,500 лица се евакуирани. Геолозите претпоставуваат дека изненадната активност била предизвикана од земјотресот со јачина од најмалку 8,8 степени по Рихтеровата скала, кој го погоди Чиле минатата година.

Се проценува дека огромниот облак на пепел кој го исфрлал вулканот, бил висок околу 10 и широк околу пет километри, јавува Чилеанската Национална служба за геологија и рударство.

Ветрот го разнел пепелот над Андите, поради што е затворен аеродромот во туристичкото место Сан Карлос де Барилоче.

Вулканот Пајхуе се наоѓа на составот на планинскиот масив Пајхуе – Кордон, 870 километри јужно од престолнината Сантијаго.

Минатата година Дејвид Пајл од Универзитетот Оксфорд, кој ја анализираше вулканската активност во Чиле по силните земјотреси од 1906 и 1960 година, предвиде дека по земјотресот кој го зафати Чиле во 2010 година ќе следи вулканска ерупција.

“Видовме дека земјотресот може да предизвика вулканска активност на оддалеченост од 100 километри, иако никој не знае какви механизми стојат зад тоа“, изјавил Пајл за “Њу Сајентист“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...