Целосно затемнување на Месечината

Во среда, 15-ти јуни 2011, ќе имаме можност да проследиме целосно затемнување на Месечината. Затемнувањата на Месечината се случуваат во периодот кога нашиот природен сателит поминува во сенката која ја фрла Земјата.

Опис на појавата

Затемнувањето на Месечината настанува кога Месечината ќе се најде зад Земјата, гледано од Сонцето, односно кога ќе помине во Земјината сенка. Во тие моменти Сонцето, Земјата и Месечината се подредени во (приближно) права линија.

Бидејќи целосното затемнување на Месечината настанува кога Сонцето и Месечината се на спротивни страни од Земјата, следува дека затемнување на Месечината може да настане само при полна месечина. Но тука се поставува прашањето, зошто тогаш нема затемнување на Месечината при секоја полна месечина? Причината за тоа е што, гледано од Земјата, Сонцето и Месечината не се движат на небото на иста кружница, туку нивните привидни патеки им се наклонети за 5 аглови степени. Затоа, затемнување на Месечината (и на Сонцето) може да настане кога телата се наоѓаат приближно во пресечните точки на двете кружници (во влезниот и излезниот јазол).

Да бидат работите уште малку покомплицирани, заради многу поголемите димензии на Сонцето во однос на Земјата, Земјата зад себе фрла сложена сенка која се состои од два дела, сенка (умбра) и полусенка (пенумбра). Целосно затемнување на Месечината, настанува кога Месечината целосно ќе навлезе во умбрата. Делумно затемнување настанува кога само еден дел од Месечината ќе навлезе во Земјината сенка, а пенумбрално затемнување се нарекува кога Месечината ќе навлезе само во полусенката од Земјата. Се разбира, најинтересно за набљудување е целосното затемнување.

Но, на прв поглед изненадувачки, Месечината кога целосно се наоѓа во Земјината сенка сепак е видлива, но не во својата вообичаена светла бела варијанта, туку затемнета со различни нијанси на црвено. Причината и за тоа дека сепак стигнува некаква, црвенкаста, светлина до Месечината е Земјината атмосфера. Земјината атмосфера повеќе го расејува делот од спектарот на сончевата светлина кон сината боја, поради што останува црвената боја. Од истите причини небото на зајдисонце и изгрејсонце е со црвена боја. Дополнително на нијансите на црвената боја зависи и количеството прав во атмосферата – колку по правливо, толку по изразита црвена боја ќе има Месечината. Доколку Земјата би немала атмосфера, Месечината при целосното затемнување сосема би ја снемало.

Затемнувањето на 15.06.2011

На 15.06.2011 ќе се случи целосно затемнување на Месечината кое ќе трае 1ч40 минути. Процесот на затемнување на Месечината ќе трае од среда, 19:24 до четврток, 01:01 часот. Но тоа се времињата на прв и последен контакт на Месечината со полусенката на Земјата. Тие моменти практично и нема да бидат видливи со голо око. Дополнително, во Скопје Месечината на 15.06.2011 ќе изгрее во 20:02, во период кога веќе ќе биде навлезена во полусенката. Детален распоред на настаните е следниов:

P1 - 19:24 – прв контакт на Месечината со полусенката од Земјата

U1 - 20:23 – прв контакт со сенката

U2 - 21:22 – почеток на целосното затемнување на Месечината (Месечината е целосно навлезена во сенката на Земјата)

Max - 22:14 – максимум на затемнувањето (Месечината е најблиску до центарот на сенката)

U3 - 23:03 – крај на целосното затемнување на Месечината (Месечината е започнува да излегува од сенката на Земјата)

U4 - 00:02 – крај на целосното пенумбрално затемнување на Месечината (Месечината започнува да излегува од полусенката на Земјата)

P2 - 01:01 – крај на затемнувањето на Месечината (Месечината е целосно излезена од полусенката на Земјата)

Набљудување

За разлика од набљудувањето на затемнувањето на Сонцето, набљудувањето на затемнетата Месечина е целосно безопасно. Слободно може да се набљудува со голо око, а доколку сте во можност и со оптички инструменти како двоглед или телескоп. Особено интересен за набљудување е периодот од 20:23 до 00:02, кога Месечината ќе навлегува или целосно ќе биде во сенката од Земјата.

Скопско астрономско друштво ќе ги постави своите телескопи на Плоштад Македонија во целиот период на затемнувањето. Набљудувањето низ телескопите од Скопско астрономско друштво е бесплатно. Во случај на неповолни атмосферски услови, набљудувањето од градскиот плоштад ќе се откаже.

За крај

Ова затемнување е едно од најдолгите целосни затемнувања на Месечината. Ќе трае 1ч40минути, што само 7 минути помалку од теоретскиот максимум. Следното целосно затемнување на Месечината, кое ќе биде целосно видливо од Македонија, ќе се случи на 28 септември 2015.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...