Дали ова е новиот iPhone?

На популарниот блог за технологија Engadget се појавија фотографии од телефон за кој се претпоставува дека може да ја претставува четвртата генерација на iPhone.

Можно е фотографиите да го прикажуваат новиот изглед на еден од најпопуларните smart телефони, а на пазарот треба да се појави кон крајот на летото. Наводно, фотографиите се снимени во еден бар во Сан Хозе.

Меѓутоа, порталот PMP изрази одреден скептицизам за фотографиите. Поради празнината во логото и останатите ознаки, уредниците на овој портал се сомневаат дека снимките се лажни.

- Единствено времето ќе покаже дали ова е новиот изглед на iPhone, пишува на оваа страница.

Блогерот Џон Грубер, на еден друг веб портал напиша дека верува дека ова навистина е новиот iPhone. Добро запознаен со производите на компанијата Apple, Грубер, сепак вели дека ова не изгледа како производ кој ќе биде понуден на пазарот, туку ова изгледа е примерок за тестирање, а крајниот продукт би бил нешто друго.

Снимениот производ наводно има 80 GB меморија, камера од предната страна, а доаѓа со целосно нов софтвер.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На час по биологија. Ајде деца кој ќе ми каже некое убаво цвеќе.
- Љубичица!
- Браво, многу убаво.
- Нарцис, учителке..
- Браво, многу убаво.
Малиот Трпе.
- Оргазам...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1900.- Во Струга е роден Ристо Крле, македонски...
1921.- Во Куманово е роден Христијан Тодоровски...
1943.- Во Сиракуза, во Италија е потпишано...
1997.- Кај селото Жидилово, кај Крива Паланка во...