Јаболкото добро за белите дробови

Консумирањето едно јаболко дневно ја подобрува работата на белите дробови, истакнуваат англиските истражувачи. Според тврдењето на научниците од медицинското училиште при болницата „Сент Џорџ“ во Лондон, земањето на најмалку пет јаболка неделно ја подобрува работата на белите дробови. Тие истакнуваат дека ова овошје содржи високо ниво на антиоксидансот флавоноид познат како керцентин, кој помага во заштитата на белите дробови од штетното дејство на загадувачите на околината и чадот од цигарите, се вели во текстот објавен во списанието „Торакс“. Керцентинот исто така се наоѓа во лукот, чајот и во црното вино.

Истражувачите од 1979 година до денес ги проучувале диетите со јаболко и ја мереле работата на белите дробови кај 2.500 мажи на возраст помеѓу 45 и 59 години, кои живеат во Велс. По пет години, ја споредиле измерената способност на дишење на секој од нив и утврдиле позитивна врска меѓу функционирањето на белите дробови и бројот на јаболката внесени во текот на една недела кај Велшаните во средните години. По разгледувањето на другите фактори, како што се пушењето, телесната тежина и физичката активност, кои исто така влијаат врз дишењето, истражувачите ја откриле врската меѓу внесувањето јаболко и подобрувањето на работата на белите дробови. Оваа поврзаност е независна од внесувањето на витамините Е и Ц, па затоа тоа би можело да се објасни со присуството на други антиоксидансни состојки во јаболкото, какви што се флавоноидите, заклучиле истражувачите од болницата „Сент Џорџ“ во Лондон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1532.- Шпанскиот освојувач Франциско Писаро со...
1703.- Умре францускиот писател Шарл Перо, автор...
1703.- На брегот на Балтичкото Море поставени се...
1812.- Во Букурешт почнаа преговорите со кои...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби