8 совети за здрав живот

Иако е добро да се трудите да воспоставите естетски изглед преку солидно вежбање и нутрицистички програм, сепак не треба да се заборави важноста на квалитетно вежбање и здравото јадење.

Со зголемениот број на срцеви заболувања доаѓа и потребата за зголемено внимание кон вашето тело.

Што порано започнете со грижа за самите себе толку повеќе ќе уживате во здравјето кога ќе бидете постари.

Како што навестува насловот, ќе ви дадеме 8 совети кои се потребни за да се оддржи нормалната работа на срцето низ текот на животот:

1.Намалете го користењето на црвеното месо

Ако сте голем обожавател на црвено месо, тогаш повторно размислете. Иако некои меса се потребни во одредени диети и го снабдуваат организмот со железо и протеини, сепак јадењето на црвено месо треба да се ограничи до максимум 2-3 пати во неделата и тоа во помали количини.
Останатите денови можете да консумирате протеини преку јадење на риба, пилешко, грав, итн.

2.Јадете повеќе “темно“ овошје

Општо  познато е дека диетите преку консумирање на огромни количини на овошје и зеленчук се најдобри за заштита од болести.

Но, кога правите селекција на овошјето, секогаш одбирајте ги оние кои имаат потемна боја бидејки тие се полни со антиоксиданти кои пак се потребни за превентива од канцерогено заболување.

3.Контролирајте ги нивоата на инсулин

Еден од најдобрите начини за да се одбегнуваат  „пиковите”  на инсулин (високи нивоа на инсулин проследени со големи падови) е да се изостават сите “бели“ зрнести типови на храна од диетата.
Подобро е да се фокусирате на продукти кои доаѓаат директно од земја и кои се најмалку преработувани.
Компири, овес или никулци се далеку подобар избор отколку бел леб, тестенини или суви, ладни житарици како што е корнфлексот.

4.Гответе сами

Наместо да преферирате вечери во ресторани или брза храна, почнете сами да си готвите. На овој начин самите ќе контролирате што ќе јадете, што ќе искористите како состојки, во која количина и со каков квалитет.
Понатаму, избегнувајте готови, купени преливи, особено за салати. Најчесто овие производи се полни со масти.
Затоа, по потреба, сами направете сос кој дефинитивно ќе биде повкусен и поквалитетен од купечките.

5.Зголемете ја количината на полесно растворлива храна

Како што беше спомнато  во третиот чекор, треба да избегнувате потешка храна за варење. Вашиот желудник многу се напрега за еден оброк, а може со поедноставна работа да процесира 2-3 оброка.

Избегнувајте преработена  храна, особено ако предходно сте биле на долга диета во која сте консумирале лесна храна.

Готовите, процесирани продукти не се најздрави за Вас.
Подобро користете храна која е свежа или пак директно запакувана.

6.Намалете ја количината на сирење

Намалувањето на внесот на сирење во Вашиот организам треба да се наоѓа на првите места од листата за подобро здравје.

За жал, ако досега не сте навикнати да јадете нискокалорично сирење, не веруваме дека овој чекор ќе успеете да го издејствувате во текот на животот.

Се поголемото користење на сирењето во скоро секое јадење, особено во ресторани, брза храна и во бели пецива, уште повеќе ја намалува шансата да престанете да го користите.

7.Пијте алкохол умерено

Иако не е неопходно алкохолот комплетно да го изоставите од вашата диета или воопшто од вашиот живот со цел да ја намалите шансата за срцева болест, сепак треба да се консумира со мали количини.

Тие што консумираат алкахол во мали количини имаат помала стапка за срцеви заболувања во однос на тие што воопшто не го консумираат.

Виното е сепак најдобриот избор за здраво срце.

8.Вежбајте интензивно

Во врска со вежбањето, треба да знаете дека добрата кардиоваскуларна форма значи намалена шанса за срцеви заболување како и за поздраво тело воопшто. Најдобро е да правите интензивни но кратки серии на физички активности и тоа најчесто во форма на трчање спринт.
Сепак, тоа не значи дека предходно не треба да се загреете за физичката активност.

Боди билдингот иако е делумно добар, тој повеќе придонесува за изгледот на телото, а не за квалитетно здравје.

При трчањето, после брзиот спринт подзапрете и видете како ви реагира срцето. Што повеќе време е потребно за срцето да се врати во нормална состојба на работење, толку поголема е шансата да добиете срцево заболување.

Со се поголемото трчање, вашето тело ќе се навикне и ќе го враќа срцето во првобитната положба за пократко време.
Гледајте да истрчате што можете побрзо во рок од 20-30 секунди и потоа направете пауза од 1-2 минути. Ваквиот циклус повторете го 8-12 пати и тоа најмалку 2 пати неделно.

Имајте ги на ум овие 8 фактори со цел да имате поквалитетен живот.

Да рамислувате паметно и да инвестирате во здравјето навремено, дефинитивно ќе ви донесе многу бенифити во поодминатите години.

(Б.Т)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби