Десет сантиметри повисоки за 25.000 евра

Во светот постојат неколку клиники во кои се вршат најбараните естетски операции. Станува збор за операција за продолжување на нозете. Овие операции ќе им помогнат на ниските луѓе да се ослободат од комплексот, доколку го имаат.

Британската телевизиска куќа Sky News ја пренесе приказната за 23-годишната Тања која одлучила да се оперира, бидејќи отсекогаш сакала да биде висока. Иако во ходниците на болницата, поради шипките во нозете, изгледа како да преживеала тешка сообраќајна несреќа, Тања вели дека тоа ни малку не и пречи бидејќи знае дека за неколку месеци ќе биде за 10 сантиметри повисока.

Операцијата ќе ја чини младата Тања 25.000 евра и девет месеци од нејзиниот живот. Процедурата за продолжување на нозете не е едноставна особено затоа што вклучува ставање метални шипки во нозете. Шипките претставуваат своевидно скеле кое го потпомага зараснувањето на скршената коска. По зараснувањето, коските стануваат подолги.

За операциите, при кои се кршат совршено здравите нозе и понатаму се водат многу дебати, а многумина сметаат дека не е етички да се прават такви зафати.

- Кога ќе ми дојде пациент со такво барање, се обидувам да ги убедам дека тоа не е в ред. Но, тие потоа почнуваат да зборат за нивните уништени сништа и едноставно е невозможно да се смени нивното мислење и да се натераат да се откажат, вели рускиот хирург Константин Навиков, кој верува дека денеска може да се намали носот, да се зголемат градите и не гледа ништо спорно во продолжувањето на нозете.

Кога металните шипки ќе ги скршат коските, тие повторно почнуваат да зараснуваат со брзина од еден милиметар на ден. Целиот процес е особено болен за пациентите, но тие пак велат дека тоа е „болка на уживање и среќа“, после која ќе се чувствуваат многу подобро и посамоуверено.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничк седната во скутот на мажот и.
Аууу - мажу! - извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби