Гледањето 3D филмови е многу интересно, толку многу да во момент заборавате дека се наоѓате во кино. Меѓутоа, некои луѓе потоа ги боли главата. Научниците и лекарите предупредуваат дека тродимензионалната слика штетно влијае врз човечкиот мозок.

Офталмологот Мајкл Розенберг од Универзитетот во Чикаго тврди дека 3D сликата човекот го води во ново искуство, на кое мозочните келии не се навикнати. Затоа гледачот вложува посебни напори да доживее вештачка тродимензионална слика, што предизвикува главоболка и мачнина.
Последиците не се трајни, сметаат експертите, но сепак предупредуваат да не се користи премногу 3D сликата.

- Човечкото око не е навикнато на вештачки услови. Сепак, новите технологии ја доближија 3D сликата до нас, па веќе е нормално да одиме во кино и да гледаме филм со 3D очила. Тие филмови изгледаат одлично, но сепак морате да сфатите дека вие не гледате нормално. Виртуелните симулации предизвикуваат главоболка и го заморуваат човечкиот мозок. Не знаеме што ќе биде во иднина кога ќе ни пристигне 6D технологијата или пак тродимензионалните телевизори дома, изјавија научниците од Чикаго.