Истражувањето спроведено во САД сугерира дека лицата кои долго седат живеат во просек пократко, објави „American Journal of Epidemiology“.
Воочената врска била независна од факторите како што е дебелината, покажаа податоците собрани за време на 14 годишното испитување на 120.000 лица.

Некои претходни студии веќе го поврзаа седењето и зголемените изгледи за дебелеење, дијабетес тип 2, срцеви болести и нездравата исхрана на децата.
Во просек, учесниците во новото истражување имале за 37 отсто поголем ризик за смрт само секојдневно седат најмалку шест часа, за разлика од врсниците кои дневно минуваат помалку од три часа во седечка положба. Кај машките испитаници овој ризик бил за 17 отсто поголем.

Сепак, ризикот за смрт поврзан со трајното седење дополнително растел ако испитаниците биле и телесно неактивни, па се зголемувал до 94 отсто за жените и 48 отсто за мажите.
Научниците веруваат дека добиените резултати барем делумно може да се објаснат со влијанието на долготрајното седење врз хормонот кој влијае концентрацијата на триглицеридите, холестеролот и други маркери за низа болести.