Поради нуклеарна радијација се помалку женски новороденчиња

Радијацијата од нуклеарните централи и тестирањето на бомби предизвикаа милионско намалување на бројот на новородени девојчиња низ светот, покажува најновото истражување.

Германските научници сметаат дека нуклеарните катастрофи, како таа во Чернобил пред 25 години, имаат големо влијание врз полот на новороденчињата. Тие извршиле анализа на податоци на популацијата на САД и уште 39 европски држави за периодот од 1975 до 2007 година.

Во сите земји е регистрирано зголемување на бројот на новородени момчиња во однос на девојчиња, споредено со периодот од 1964 до 1975 година. Тоа е особено нагласено во земјите од источна Европа неколку години по 1986 година и катастрофата во Чернобил. Последиците од нуклеарната хаварија во Чернобил поради далечината не се забележани во САД, но тие значително се чувствуваат во земјите кои се во близина на Украина.

Во овој период, значително поголем број на машки деца се родени во Белорусија, која е сосед на Украина, во споредба со Франција. Резултатите добиени со ова истражување во голема мера покажуваат како може да изгледа иднината во случај на нова нуклеарна катастрофа. Врз основа на добиените резултати со право се очекува зголемен број на машки деца во Јапонија, а можеби и на американскиот западен брег, по експлозијата на реактор во нуклеарната центрaла „Фукушима“.

Не знаеме во кој степен е радијацијата емитувана од нуклеарната централа „Фукушима“. Можеби последиците ќе бидат ограничени само на Јапонија, но доколку има значителна радијација и во водата и воздухот, тогаш особено американскиот западен брег може да биде загрозен, сметаат експертите.

Во нормална состојба, машките новороденчиња се во незначително поголем број од женските. Истражувањето покажува зголемување во корист на машките деца под влијание на радијацијата. Иако, процентот помал од еден отсто делува незначотелно, важно е да се нагласи дека е потребно многу време работите да се вратат во нормала по радијацијата, објави весникот „Дејли мејл“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...