Симптоми на најтешка болест на црниот дроб

Цирозата е болест на црниот дроб која настанува како последица на оштетување на клетките во овој орган. Истата вообичаено се јавува кај лица кои подолго време конзумираат алкохол во големи количини, заради што црниот дроб не е способен да се ослободи брзо од штетните материи. Ова резултира со оштетување на клетките, кое води до цироза.



Замор и губитокот на енергија се вообичаени рани симптоми на цирозата, проследени со загуба на апетитот и мачнини.

На кожата обично се јавуваат точкасти црвени дамки, а кај заболените во напредна фаза се развива и жолтица, при која кожата и белките на очите добиваат жолтеникава боја. Ова се јавува како резултат на неможноста на црниот дроб да го отстрани билирубинот од телото.

На дланките може да биде присутно црвенило, односно т.н. палмарен еритем. Кај мажите се забележува намалена влакнетост, а може да се развие и атрофија на тестисите, како и болно зголемување на градите (гинекомастија).

Насобирањето на течности во стомакот е вообичаен знак на цироза во напредна фаза.



Зголемената телесна температура, во комбинација со болката во стомакот и чувствителноста на притисок, најчесто е знак за присуство на инфекција.

Заборавеноста, потешкотиите во задржување на вниманието и неодговарањето на прашања се првите знаци на оштетување на мозокот со токсини кои настануваат заради неправилна функција на црниот дроб.

Колку сериозна болест е цирозата?

Најсериозните компликации на цирозата се крварење, инфекции и оштетување на мозокот. Речиси секој процес во телото е пореметен заради неправилната функција на црниот дроб, каде се вбројуваат дигестивниот, хормоналниот и кардиоваскуларниот процес.

Црниот дроб исто така е задолжен за разградување на бројни отровни материи кои се насобираат и кои го нарушуваат функционирањето на мозокот. Цирозата исто така е причина за настанување на карцином на црниот дроб.



Дали може да се излечи?

Цирозата, за жал, е неизлечива болест. Но, со правилна програма за исхрана и лекување, може да се забави нејзиниот развој. Меѓу пациентите со хепатитис Б и дијагностицирана цироза, стапката на смртност во наредните 5 години изнесува 29%. Кај алкохолната цироза, доколку пациентот престане да консумира алкохолни пијалаци, веројатноста дека ќе бидат живи во следните 5 години изнесува 85%, а за оние кои продолжуваат да пијат, шансите се намалуваат на 60%.

Исто така, многу е тешко да се воочи кога точно настапила цирозата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...