Главната причина заради која бебињата умираат

Иако ова е тема за која ниту еден родител не сака да размислува, важно е да се знае која е главната причина за смртност кај децата, особено кај новороденчињата. Доколку се реагира правовремено, фаталниот исход може да се спречи.



Акутната дијареа е еден од најчестите причинители за смртност на новороденчињата и малите деца, од која секоја година ширум светот умираат повеќе од три милиони деца помлади од 5 години, воглавно заради дехидрација, односно загуба на течности.

Лекарите велат дека најчестите причинители за појава на дијареата се вирусите и бактериите, а инфективните агенси кои предизвикуваат дијареа најчесто се пренесуваат по фекално-орален пат, кој подразбира внес на контаминирана храна или вода, како и преку директен контакт.

Ризичното однесување во голема мера може да допринесе за пренесување на инфективни причинители на дијареата, меѓу кои се несоодветното ракување со приборот за хранење на детето, чување на подготвената храна на собна температура, употреба на загадена вода за пиење, лоша лична хигиена, нехигиенско отстранување на фекалиите.



До појава на дијареа може да дојде и заради труење од храна загадена со бактериски токсини, неподнесување на одреден вид на храна, (зло)употреба на антибиотици кои ја уништуваат нормалната катериска флора на цревата, прекумерна употреба на средства за прочистување или за омекнување на столицата, психички стрес и сл.

Лекарите наведуваат дека инфективната дијареа сè почесто и во потежок облик се јавува кај децата во првите две години од животот, за зачестеноста на дејареата е најголема на возраст од 6 до 11 месеци, кога се воведува немлечната храна, кога доенчето почнува да лази и да ги допира предметите околу себе, додека нивото на антитела добиени од мајката се намалува.

Кога станува збор за лечењето на дијареата, првенствено важно е да се спречи настанувањето на дехидрација, како и да се излечи дехидрацијата доколку веќе е присутна. За да се спречи нутритивно пореметување, важен е начинот на исхрана за време на траењето и после престанувањето на дијареата.



Во рамките на домашното лекување, на детето треба да му се даваат повеќе течности отколку вообичаено, помали и почести оброци во текот на денот, а доколку не дојде до подобрување, детето треба да се однесе на лекар.

За доенчињата, лекарите препорачуваат продолжување на внесување на мајчиното млеко, ориз, компири, моркови, немасно месо, банани, излупени печени јаболка, леб.

Доколку состојбата на детето не му се подобри во рок од 24 часа, мора да се однесе на лекар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...