Роботска бебешка облека за превенција на церебрална парализа

Тим од биомедицински инженери и физиотерапевти развиваат роботска едноделна облека за нoвороденчиња кај кои постои ризик од равивање на церебрална парализа.

Технологијата е наменета да им асистира во развивањето на моторните и когнитивните способности.



Церебралната парализа влијае на движењето и мускулната координација и вообичаено не може да се дијагностицира додека детето не наполни една година. Експертите велат дека раната интервенција често пати ги подобрува способностите на детето и токму тоа е целта на оваа нова технологија.

Името на уредот е SIPPC (Self-Initiated Prone Progression Crawler) и се состои од мека подлога на која се прицврстени три тркала и едноделна облека исполнета со сензори, која бебето ја облекува.

Потоа, 50 пати во една секунда, 12-те сензори за движење ги испраќаат мерењата во компјутерот, кој го пресметува движењето на детето на 3D екран. На SIPPC исто така има прикачено камери кои постојано ги снимаат сите екстремитети на детето.

Научниците го објаснуваат концептот зад SIPPC дека ползењето за бебињата е процес на учење базиран на награди и дека доколку тие се движат и не гледаат промена во нивната околина (што се случува со деца кои имаат церебрална парализа), можат да прекинат да се трудат. Кога тоа го прават, нивниот мозок постепено ги отстранува моторните и просторните конекции.



Сензорот за движење на SIPPC одредува што бебето се обидува да направи и го насочува роботот да го поттурне во одреден правец, со што ги наградува неговите обиди. На пример, доколку бебето се обидува да лази, но нема доволно сила да се придвижи, роботот ќе го поттурне и ќе му го овозможи лазењето.

Иницијалните тестирања покажале дека новороденчињата кои ја носеле оваа роботска облека имале повеќе движења на зглобовите отколку оние кои не ја носеле, а ќе следи и пообемно тестирање врз 56 новороденчиња во наредните 6 до 9 месеци.

Потоа сите собрани податоци треба да се анализираат за да се утврди што понатаму.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...