Амниотска течност за зајакнување коски

Истражувачи искористиле матични клетки од човечка амниотска течност (заштитната течност во која бебето се наоѓа во матката) како третман на глувци со болест на коските која ги прави покршливи.



Третманот резултирал со 79% помалку фрактури така што ја зголемувал силината, пластичноста и структурата на коските, а тимот сега истражува дали истиот би функционирал и кај луѓето, поточно астронаутите, кои можат да изгубат и до 2.5% од густината на нивните коски за секој месец кој го поминуваат во вселената.

Примероците од амниотската течност биле земени од здрави, бремени донори чија бременост била во 12-тата недела, или од оние кои биле буквално пред породување. Од неа потоа биле извадени мезенхимални матични клетки (AFCS), кои биле инјектирани во глувците за да навлезат во нивните коски.

Глувците биле одгледувани за да развијат т.н “болест на кршливи коски“ – генетско пореметување кое резултира со коски кои лесно се кршат, добивајќи карактеристики на старските коски кај кои поради староста се изгубени минералите. Болеста, инаку, е слична на остеопорозата кај постарите луѓе, претежно жени.

Осум недели по вметнувањето на матичните клетки, биле испитани фрактурите кај 168 глуви кои го имале добиено третманот, како и кај 156 од контролната група глувци кои го немале.

Додека 100% од контролната група имале најмалку една фрактура, третираната група имала редуцирани фрактури за од 79%, а била испитувана и структурата и композицијата на коските, кои биле изложувани и на тестови со нивно виткање, а резултатите покажале дека тие имале зголемена силина, пластичност и структура.

Тимот истражувачи се надева дека овие резултати ќе можат да бидат реплицирани и кај луѓето, па така во план е клиничко тестирање врз луѓе во наредните две години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...