Роботски хирург оперира 50 пати побрзо

Операцијата на мозок не е воопшто едноставна процедура – една грешка и пациентот може да заврши со трајно оштетување на мозокот.

Истражувачи од Универзитетот во Јута сакаат да изнајдат начин за да ги намалат шансите од човечка грешка, а тоа мислат да го постигнат со робот кој оваа комплицирана процедура може да ја заврши за 50 пати побрзо отколку просечен хирург. Тој е способен да издупчи череп за само 2,5 минути, во споредба со 2 часа кога тоа би се изведувало од човек.

Истражувачкиот тим вели дека овој робот е „доказ на принципот“ дека е способен да извршува комплексни операции – тој е воден околу чувствителните области на черепот преку податоци превземени од ЦТ-скенови (од компјутерска томографија) и внесени во неговото програмирање. Овие скенови ја покажуваат локацијата на нервите и вените кои роботот мора да ги избегнува.

Покрај очигледните способности за спасување животи кои една ваква машина би ги имала, со нејзина помош потенцијално би можеле да се заштедат големи суми на пари, бидејќи краткото траење на одредени операции ќе овозможи намалување на нивните цени, како и на времето кое пациентот го поминува под анестезија, што исто така може да предизвика дополнителни компликации.

Роботиката и автоматизацијата полека но сигурно го трансформираат начинот на кој што докторите ги вршат операциите. На некои пациенти иницијално може да им биде одбивна помислата машина да ги сече и отвора, меѓутоа овие роботи се способни да изведуваат операции со прецизност која човекот е невозможно да ја постигне.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...