Откриена атомската структура на Алцхајмеровата болест

За прв пат, научниците ја претставиле хемиската структура на еден од клучните маркери на Алцхајмеровата болест, снимајќи слики во висока резолуција од депозитите на абнормалниот тау протеин за кој се сомнева дека е главниот кривец за оваа болест, како и за други невродегенеративни состојби.

Резултатите од ова истражување ќе им дадат на научниците поглед во тоа како овие штетни депозити функционираат на молекуларно ниво, и можат да доведат до развој на нови третмани за превенција на нивното формирање – што би помогнало во борбата против деменцијата и Алцхајмеровата болест.

За потребите на новава студија, истражувачи водени од MRC лабораторијата за молекуларна биологија во Велика Британија екстрахирале тау протеински филаменти од мозок на починат пациент до Алцхајмерова болест, и ги снимале со техника наречена крајо-електронска микроскопија (cryo-EM). Болеста е поврзана со наталожување на два вида абнормални протеински депозити – тау филаментите, кои се формираат во внатрешноста на нервните клетки и амилоидните бета протеини, кои се таложат на надворешноста на клетките.

Кај здравите мозоци, тау депозитите функционираат како стабилизатори, но кога протеините ќе станат дефектни, тие формираат заплеткани снопови кои ја отежнуваат комуникацијата помеѓу мозочните клетки, што води до невродегенерација и намалена когнитивна способност видена во состојбите како Алцхајмеровата болест.

Цел на истражувачите е да се развијат лекови кои овие снопови би ги „расчистиле“, но за да директно се влијае врз овие протеини, молекулите од кои би бил создаден лекот ќе треба да се сврзат со нивната површина. Знаејќи ја прецизната форма на овие комплексни протеински структури е од огромна важност во развивањето на овие лекови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...