Лечење на ќелавост со активирање на матични клетки

Тим истражувачи од UCLA сметаат дека пронашле потенцијален лек за ќелавост.

За време на нивната студија, тие забележале дека матичните клетки од фоликулите на косата поминувале низ различен метаболички процес отколку нормалните клетки на кожата. По претворање на гликозата во молекул познат како пируват, овие фоликулни клетки првата една од две работи: го испраќаат пируватот до митохондријата на клетките за да се користи како енергија, или го конвертираат во друг метаболит познат како лактат.

Според овие сознанија, истражувачите решиле да видат дали неактивните фоликули на косата би се однесувале различно во зависност од патеката на пируватот.

Тимот ги споредил глувците кои биле генетски модификувани да не произведуваат лактат, со глувци кои биле модификувани да произведуваат повеќе лактат отколку што е нормално. Запирањето на производството на лактат го запрело активирањето на матичните клетки во фоликулите, додека поголем раст на влакна бил забележан кај животните кои произведувале повеќе.

Според оваа студија, истражувачите откриле два различни лекови кои потенцијално би можеле да им помогнат на луѓето повторно да ги активираат матичните клетки во фоликулите на косата, за да се зголеми производството на лактат, а со тоа и растот на косата.

Првиот лек е наречен RCGD423, и функционира така што создава сигнализирачка патека помеѓу надворешноста на клетката и нејзиното јадро. Тоа ги става матичните клетки во активна состојба и влијае на создавањето лактат, и растењето на косата.

Вториот е наречен UK5099 и има спротивен пристап – го запира конвертирањето на пируватите во енергија преку митохондријата на клетките, што на молекулите не им дава никаков друг избор освен да креираат лактат.

И двата лека треба наскоро да се тестираат врз луѓе, а доколку тестовите се успешни тоа ќе значи дека ќе се развијат нови третмани против состојбите кои влијаат на нормалниот раст и одржување на косата, како што се алопеција, хормонскиот дисбаланс, губење на коса поради стрес, па дури и старост.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...