Создавање синтетички ‘рбет за ставање крај на парализата

Хју Хер е човек чие искуство со хендикепот и потребата за простетика го принудило да развие нешто што може да биде досега најнапреден вид на бионика.

Тој е истражувач и експерт по бионика, како и ко-директор на Центарот за екстремна бионика во MIT – уникатна истражувачка лабораторија која има за цел протетиката да ја доведе со сосема ново ниво.

На овој центар му се доделени фондови во висина од 1000 милиони долари за развивање на 5 годишен проект кој ќе се фокусира на третирање на парализата, депресијата, ампутацијата, епилепсијата и Паркинсоновата болест, преку развивање на бионички технологии.

Иако денешната протетика е корисна и на оние со ампутирани екстремитети им овозможува повторно враќање на изгубените моторни функции, Хер и колегите сметаат дека можат да ја унапредат комбинирајќи ја со напредни невролошки импланти. Ова на пациентите ќе им даде можност со нервите и мускулите да „комуницираат“ со протетиката, олеснувајќи им ја контролата на уредите кои би можеле да функционираат и бидат контролирани исто како биолошките екстремитети.

Истата таа технологија би можела да се искористи и за подобрување на мозочните функции и третирање на невролошки или ментални пореметувања.

Истовремено, дигитален нервен систем (DNS) напојуван со оптогенетика – техника која користи светлина за контролирање на клетките – би им овозможил на истражувачите да ја третираат парализата и Паркинсоновата болест преку замена на биолошкиот нервен систем со дигитален. Тие сметаат дека би можеле да создадат клетки и ткива за да израснат органи кои би можеле да ги „поправат“ или заменат оштетените биолошки структури.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...