Со јаворов сируп во борба против супер бактериите

Сите живи организми често се ставени на еволутивен тест – да исчезнат, или да преживеат и да се адаптираат. Во случајот на бактериите кои предизвикуваат болести, ова второто е предизвикано од пречестата употреба на антибиотици.

Експертите предвидуваат дека борбата против туберкулозата, ХИВ и маларијата ќе стане сè покомпликувана, поради антибиотската резистентност на бактериите.

Сега, три канадски истражувачи можеби го откриле лекот против ваквите супер бактерии – а тоа е јаворовиот сируп.

Според нив, решението за резистентните бактерии лежи во фенолните соединенија, кои се природни молекули кои често пати имаат биолошки активности. Некои вакви соединенија се присутни во јаворовиот сируп добиен од концентрираниот сок од јавор, и можат да бидат екстрахирани од него.

Наречена екстракт од јаворов сируп богат со феноли, мешавината успешно се бори против бактериите само кога е комбинирана со веќе постоечки антибиотици, создавајќи синергија која може да ја редуцира дозата на антибиотици потребна за третирање инфекции за дури 90%.

Овој комбиниран третман функционирал на многу бактериски нишки, вклучувајќи ги E.coli, Proteus mirabilis (бактеријата која предизвикува инфекции на уринарниот тракт), и Pseudomonas aeruginosa, која предизвикува болнички инфекции.

Потентната мешавина се бори против бактериите со зголемување на пропустливоста на нивната надворешна мембрана, инхибиција на нивниот метаболизам, и потиснување на гените поврзани со резистентните гени на бактеријата и нејзината мобилност.

Резултатите од оваа студија ветуваат многу и треба да бидат верификувани со идни студии за да се утврди дали оваа мешавина е навистина функционална.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...