Нова потенцијална контрацепциона пилула за мажи

Уште еден тим истражувачи ја зголеми надежта на репродуктивно одговорните мажи тврдејќи дека развиле безбедна и ефективна машка контрацепциона пилула која се пие еднаш дневно.

Стефани Пејџ, професор по медицина на универзитетот од Вашингтон, го претставила истражувањето на нејзиниот тим кое резултирало со пилулата DMAU.

За потребите на студијата, еднаш дневно во период од 28 дена, 100 мажи на возраст од 18-50 години пиеле или DMAU или плацебо во една од трите дози, а на првиот и последниот ден секој од нив дал примероци крв со кои истражувачите можеле да ги определат нивоата на хормоните и холестеролот.

Резултатите покажале дека оние кои ја земале највисоката доза од 400mg имаат потиснување на нивото на тестостерон, како и на нивоата на уште два хормони потребни за продукција на сперма, а истражувачите тврдат дека овие хормонски реакции се конзистентни со ефективна контрацепција.

Секој субјект ги поминал сите безбедносни тестови, а многу малку од нив пријавиле симптоми традиционално поврзани со премногу или премалку тестостерон. Тие немале никакви проблеми со сексуалната функција, како и промени на расположението.

Било забележано дека секој маж кој пиел DMAU ја зголемил тежината и имал помало ниво на HDL („добриот“) холестерол.

Ова не е прв експеримент за машки контрацептив кој ги има овие несакани ефекти. Вообичаено, ваквите лекови имаат два големи проблеми: оралниот тестостерон може да го оштети црниот дроб, а истите пребрзо го напуштаат телото – па така мажите би требало да ги пијат најмалку двапати дневно за да се ефективни.

Добрата вест е што DMAU ги нема овие ефекти, бидејќи диметандролонот е тестостерон модифициран да ја елиминира токсичноста за црниот дроб, а масната киселина ундеканоат останува во системот на корисникот полни 24 часа. Лошата вест е што се работи за многу мала студија – само 100 мажи, чија бројка се намалила на 83 по 28 дена.

Сè додека студијата не ги помине рецензиите од научната заедница, DMAU ќе остане уште една надеж во долгата листа на потенцијални машки контрацепциони пилули.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...