Со полио вирус против ракот на мозокот

Генетски модификуван полио вирус го подобрил долгорочното преживување на пациенти со смртоносен вид на мозочен тумор.

21% од пациентите третирани со вирусот биле живи по 3 години, во споредба со само 4% од оние кои се лечеле со стандардната хемотерапија.



Тестирањата во Дјук институтот за канцер вклучувале пациенти со глиобластома – болест која е тешко да се лечи и која е највообичаениот вид од сите малигни мозочни тумори, а која предизвикува напади, главоболки, заматен вид и збунетост.

Дури и со најагресивните третмани, оние со оваа дијагноза вообичаено преживуваат помалку од 20 месеци, додека оние кај кои болеста ќе се поврати, умираат во период од една година.

Истражувачите од Дјук ги започнале тестирањата од фазата 1 во 2012-та, за да ја тестираат безбедноста на третманот со модифицираниот вирус и за да ја одредат правилната доза.

Откога хирурзите имплантирале катетер во мозоците на пациентите, мала доза од генетски модификувана форма на полио вирусот била вбризгана директно во туморот. Вирусот, инаку, бил дизајниран да ги таргетира туморните клетки и да предизвика одговор од имунолошкиот систем.



Третманот со полио е еден од неколкуте „онколитични вируси“ кои се истражуваат како антиканцерогени агенти.

Иако истражувачите долго време ги сметале вирусите како потенцијални алатки за директно убивање на канцерите, сега тие сметаат дека можеби се поефективни во водење на имунолошкиот систем на телото против малигните клетки.

Една од пациентите била Дебра Пафер, 61 годишна жена која била дизајнирана со глиобластома во 2014 и била третирана со операција, хемотерапија и радијација.

Кога нејзиниот канцер се вратил, таа ја добила терапијата со полио вирусот по што 2.5 години канцерот бил повлечен. Кога тој повторно се вратил, таа добила „booster“ инфузија со полио минатиот август.

Сега е започната фазата 2 од тестирањата во Дјук и уште 3 други медицински центри за да се тестира третманот со полио вирусот во комбинација со други хемотераписки лекови, како и без нив, а се планираат и тестирања врз рак на дојките и меланом.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...