Бактерија која ја претвора крвта од групата А во универзален тип О

Истражувачи од универзитетот на Британска Колумбија пронашле начин да конвертираат помалку корисна група на крв во универзална кој секој може да го прима.

Крвните групи се различни поради шеќерите на површината на црвените крвни клетки кои телото ги креира. Така, крвната група А има еден вид на шеќер кој е различен од оној кај Б, групата АБ ги има двата вида шеќери, додека О (или 0 – „нулта“) нема шеќери.



Доколку некоја личност прими трансфузија од крвна група која не одговара со нејзината, нејзиниот имунолошки систем ќе ги нападне и убие донираните крвни клетки, На пример, личност со крвна група А не може никогаш да прими донација од крвна група Б, бидејќи организмот ќе ја отфрли поради разликите во крвниот шеќер. Бидејќи крвната група О нема шеќери, сите останати групи можат да ја примат, што ја прави универзално најприфатена крвна група но и најмногу посакувана.

Во минатото, истражувачите откриле дека одредени ензими (молекули кои предизвикуваат хемиски реакции) можат да ги отстранат шеќерите од крвните клетки од групите А, Б, и АБ и да ги конвертираат во многу покорисната група О. Меѓутоа, не било откриен ензим кој бил истовремено ефикасен, безбеден, и економичен, па по него почнале да трагаат во човечкиот стомак. Познато е дека внатрешната обвивка на дигестивниот тракт ги содржи истите шеќери кои ги има на крвните клетки и дека бактериските ензими од човечкиот измет истите ги имаат отстрането за да ја варат храната. Користејќи го ова знаење, истражувачите успеале да го изолираат ензимот кој ги отстранува шеќерите од крвните групи А и Б, трансформирајќи ги во групата О за 30 пати поефикасно отколку било кој претходно откриен ензим.

Следен чекор ќе биде тестирање на овој ензим во клиничко опкружување, за да се одреди дали процесот на конверзија создава некакви несакани последици.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...