Стимулирањето на мозокот со струја ја подобрува меморијата

Секоја мисла која ја имаме креира хармонија од електрични бранови кои поминуваат низ мозокот во координирани пулсеви за кои се смета дека стануваат сè повеќе неповрзани и несинхронизирани како што старееме, што е причината поради која што нашата меморија слабее со тек на времето.

Сега, нова студија сугерира дека е возможно привремено да ги елиминираме тие ефекти.



Ново истражување од невролозите од универзитетот Бостон покажало дека стимулирање на мозокот со струја со слаб интензитет може да ја подобри работната меморија на постарите луѓе. Оваа стимулација влијае врз способноста на мозокот да ги чува информациите краток временски период додека носиме одлуки, вклучувајќи ја и способноста за препознавање на лица и за движење во нови средини, преку рехармонизирање на изгубениот мозочен ритам помеѓу префронталниот кортекс и темпоралниот лобус.

Се смета дека нашата работна меморија се влошува кога старееме бидејќи овие две мозочни мрежи не комуницираат меѓусебно како кога сме млади и се десинхронизираат. Со аплицирање на електрицитет во овие региони, мрежите повторно се синхронизираат со што комуникацијата помеѓу нив се подобрува.

Студијата покажала дека ваквиот третман овозможил функционирање на работната меморија како личноста да е во своите 20-ти години, иако ефектот бил привремен и траел скоро еден час.



Студијата била направена врз 42 личности на возраст од 20 до 29 години, и уште 42 на возраст од 60 до 76 години. Од нив било побарано да направат тест за краткотрајната меморија кој вклучувал гледање на слика на компјутерски екран, потоа гледање во црн екран 3 секунди, по што била прикажана нова слика која била или идентична на првата, или многу малку модифицирана. Потоа, партиципантите биле прашани дали втората слика била иста како првата или не.

Врз секоја од групите била извршена 25-минутна неинвазивна форма на електростимулација, како и „плацебо“ третман во кој немало електростимулација, со тоа што никој од партиципантите или истражувачите знаеле кој добива вистински, а кој плацебо третман.

Постарите партиципанти во контролната рунда, очекувано, покажале полоши резултати од помладите, но по третманот со стимулација и двете групи имале скоро идентични резултати на тестот. Подобрени резултати биле забележани и кај младите и кај старите кои имале лоши резултати во првата рунда на тестот.

Тимот научници забележал дека позитивните ефекти биле забележливи најмалку 50 минути по стимулацијата, по што тестирањето било запрено – што значи дека за краток временски период, „старите мозоци“ имале перформанси подеднакво добри како младите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...