Биомаркер предвидува дали панкреасни цисти ќе се развијат во канцер

Ракот на панкреасот убива повеќе од 45 000 луѓе во САД секоја година, претежно поради тоа што докторите ги детектираат цистите предоцна за хируршки да се отстранат за да се запре ширењето на канцерот.

Цистите во панкреасот понекогаш се развиваат во инвазивен рак, но не секогаш, а операциите истите да се отстранат се комплексни, па така постои огромна потреба од алатки за идентификување кои цисти ќе се развијат во канцер.



Два до 4% од пациентите на возраст од 50 до 70 години најверојатно имаат панкреасни цисти, а тој процент се зголемува до 8-9% кај оние на возраст од 80. Поголемиот број од тие пациенти немаат никакви симптоми, па кога докторот ќе ги детектира цистите треба да одлучи дали да ја изведе операцијата, знаејќи дека типичните 70-годишни пациенти можеби имаат и други неповрзани, но сериозни медицински проблеми како болести на срцето, белите дробови или бубрезите. Сите тие компликации ги прават овие пациенти ризични кандидати за сериозна операција на абдоменот.

Иако операцијата е ефективен метод за отстранување на предканцерогени цисти, 1-2% од пациентите кои се подлегнати на операција не ја преживуваат, бидејќи процентот на компликации од операцијата варира од 30-60% - што е огромен ризик од операција за отстранување на цисти кои можеби се и безопасни.

За потребите на новата студија, истражувачите во период од повеќе од 2 години собрале течност од цисти од 169 пациенти кои имале операција тие да им се отстранат и во неа го детектирале биомаркерот на Das-1 антителото. Во претходно истражување, овој биомаркер го имало кај панкреатските цисти со висок ризик да станат канцерогени.

Сега, истражувачите откриле дека овој биомаркер е попрецизен од било кој друг метод во предвидување на ризикот од канцер кај пациентите со панкреасни цисти.

Следниот чекор ќе биде да се провери дали биомаркерот може да идентификува цисти кои ќе станат канцерогени пред на пациентот да му биде извршена операција за нивно отстранување.

Тоа би можело да се изведе додека пациентите се под анестезија, со внесување на флексибилна цевка низ устата со ултразвучна сонда која би овозможувала да се гледа во панкреасот, за потоа со игла во цистата да се извлече течност која би била тестирана за Das-1 за да се процени ризикот од развивање на канцер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...