Откриена клучната компонента која го прави мајчиното млеко толку хранливо

Познато е дека мајчиното млеко е подобро за бебињата (во однос на нутритиентите кои ги содржи) во споредба со вештачкото млеко, т.е формула, меѓутоа поради разни причини доењето не е секогаш возможно за некои жени.



Во ново истражување била откриена една од клучните компоненти која го прави мајчиното млеко толку хранливо, со што е отворена можноста за креирање на подобрена беби формула со карактеристики скоро идентични на мајчиното млеко.

Мајчиното млеко не содржи само калории за „здебелување“ на бебето, туку е полно и со разни други компоненти како на пример бели крвни клетки кои помагаат во борбата против инфекциите, како и специјални нутриенти кои помагаат за изградба на здрав стомачен микробиом, што пак помага во креирањето на посилен имунолошки систем. Некои од овие состојки играат и централна улога во развивањето на мозокот.

Една од компонентите на мајчиното млеко се капките маст обвиткани со мембрана која содржи протеин, шеќери и липиди. Иако сè уште не е целосно познато зошто овие нутритиенти во мембраната на млечната маст (MFGM) се толку важни, нив ги нема во многу мешавини на беби формула.

За да ја потврдат важноста на MFGM нутритиентите, истражувачите направиле контролирана клиничка студија врз скоро 300 новороденчиња во Кина, од кои половината биле хранети со стандардна формула, додека другата половина во формулата имала додадено MFGM од крава.

Се покажало дека MFGM формулата дала импресивни резултати – новороденчињата кои ја пиеле имале повисок степен на развој на мозокот на возраст од 4 до 9 месеци, подобро одржување на вниманието на возраст од 1 година, и малку подобри јазични вештини на возраст од 18 месеци. Покрај сето тоа, имали помалку гастроинтенстинални и респираторни проблеми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...