Белгиски конзорциум ќе испрати вештачко срце во Вселената

Конзорциумот од пет белгиски компании и истражувачки институти, „АстроКарди“, планира во 2025 година да испрати вештачко срце во Вселената, со цел да се испита како стареењето на луѓето влијае врз работата на срцето.



Како што објави весникот „Тијд“, поаѓајќи од фактот дека процесите во Вселената се одвиваат побрзо отколку на Земјата, Конзорциумот се надева дека тоа ќе им овозможи на истражувачите да дојдат до нови сознанија.

Кардиоваскуларните болести се уште се една од најчестите причини за смрт во Европа и ризикот од вакви заболување се зголемува со старењето.

Според координаторката на проектот и истражувачка на Институтот САС, Хилде Стенат, со испраќањето на вештачкото срце во Вселената, ќе можат подобро да ги осознаат ефектите од процесот на стареење.

- Нашето срце се менува како што старееме. Полека станува се поголемо и поцврсто, артеријата се калцифицира и опаѓа моќта на пумпање. Во Вселената тој процес на стареење се случува 20 пати побрзо, поради фактори како што се стресот, микрогравитацијата и радијацијата. Таму го елиминираме времето, вели Стенат.

Според неа, тоа би им овозможило на истражувачите да дојдат до сознанија и резултати за стареењето на срцето што не би било можно да ги добијат на Земјата.

Вештачкото срце ќе биде испратено во Меѓународната вселенска станица за период од четири до шест недели, при што истражувачи на Земјата деноноќно ќе ја следат неговата работа.

„АстроКарди“ очекува експериментот да доведе до нови сознанија кои ќе помогнат во истражувањето на кардиоваскуларните болести и развојот на можни лекови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...