Збор два за псоријазата

Околу 6 милиони милиони луѓе живеат со болест на кожата, наречена псоријаза, а половина од заболените било со лесни или тешки случаи не се лекуваат. Зошто? Бидејќи оваа болест е погрешно разбрана – луѓето кои живеат со псоријаза може да имаат предрасуди за самите себе, а често се дискриминирани од другите луѓе.

- Пред неколку години, немавме многу добри можности за лекување. Но, тоа сега се смени. Лекувањата се многу ефективни, безбедни и полесни за употреба, вели професорот доктор по дерматологија, Стивен Фелдман.

Псоријазата е често болна состојба на кожата која предизвикува јадеж и црвени воспалени дамки. Дамките, кои не се заразни, често се покриваат со бела композиција од мртви кожни клетки. Научниците сè уште не се сигурни што ја предизвикува, но тие знаат дека псоријазата вклучува генетичка дисфункција преку која имунитетот создава нови клетки.

Постојат пет типа на псоријаза: plaque (најчеста форма), guttate, inverse, pustular и erythrodermic. Псоријазата може да се појави низ целото тело, а кај 30% од заболените се развива псоријазен артритис, воспаление на зглобовите.

- Псоријазата е состојба која го опфаќа телото. Но, можеби она што е фактор за појавување на оваа болест се гените или одредени фактори од средината во која се наоѓаме. Некои од нив се стресот, траума на кожата, како што се сончањето или модринките, некои лекови, вклучувајќи ги и лековите против маларија, објаснува др. Стивен.

Бидејќи псоријазата се манифестира на кожата, животот со неа може да има психолошко влијание. Некои луѓе со поблаг случај на псоријаза може да ја покријат или успешно да ги контролираат дамките за да не бидат очигледни пред други луѓе. Оние со посериозни случаи често се предмет на игнорирање и исмевање од другите. Поради е најтешко да живееш со псоријаза.

Многу е важно заболените да најдат соодветен третман и поддршка потребна за да ја контролираат болеста и да можат да живеат комфорно – емоционално и физички.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...