Симптоми на недостаток на железо во крвта

Недостатокот на железо во крвта е еден од најчестите пореметувања кај луѓето, на кое повеќе се изложени жените. Без доволно железо во крвта, кислородот не се дистрибуира добро низ организмот, а тоа може да доведе до анемија.

Затоа, проверете кои се симптомите на ова пореметување и интервенирајте на време доколку е потребно!



Исцрпени сте

Ова е најчестиот симптом, но и најтежок за препознавање. Забрзаното темпо на живеење незибежно го исцрпува организмот, па ова стана нешто со кое се соочува секој од нас. Состојбата на замор ја прифаќаме како сосема нормална.

Но, доколку со помали напори се чувствувате слабо, изнемоштено и дефокусирано, можеби причината за тоа е недостаток на железо.

Тешка менструација

Еден од симптомите кај жените е тешка и болна менструација. Заради недостатокот на железо жените губат повеќе крв отколку што можат да надоместат. Би требало да проверите колку често мора да ги менувате влошките или тампоните. Доколку вашата менструација е обилна, би требало да се посоветувате со вашиот гинеколог.

Бледи сте

Хемоглобинот му дава црвена боја на лицето, па затоа оние кои немаат железо во крвта изгледаат бледо. Доколку внатрешната страна на усните ви е бледа, можеби патите од недостаток на железо.

Брзо се задишувате



Без оглед колку длабоко дишете, доколку количината на кислород во крвта е мала, ќе се чувствувате како да сте без здив. Ако забележите дека се задишувате извршувајќи нормални и секојдневни активности, посетете го вашиот лекар.

Срцето ви чука забрзано

Доколку забележите дека срцето ви прескокнува или ви чука брзо без причина, тоа може да биде знак за акутна анемија.

Синдром на немирни нозе

Имате чувство на немир, непријатност или тежина во долните екстремитети додека седите или лежите? Тегобите може да бидат толку изразени да не можете да спиете навечер, да се чувствувате изморено и исцрпено, а на крајот дури и исфрустрирано. Овој проблем се нарекува синдром на немирни нозе, а според истражувањата, 15 проценти од пациентите кои патат од него имаат ниска количина на железо во крвта. Колку е нивото пониско, толку симптомите на ова пореметување се поизразени.

Јадете глина, земја и мраз

Луѓето кои патат од недостаток на железо може да почувствуваат потреба да загризаат една од наведените работи. За среќа, најчеста е потребата за мраз. Доколку и вие почувствувате ваква желба, испитајте си крвта.

Ви опаѓа косата



Недостатокот на железо, особено доколку се развие во анемија, може да доведе до опаѓање на косата. Во тој случај, телото го испраќа кислородот само до деловите кои се неопходни за нормално функционирање, а косата не е еден од нив, заради што и опаѓа.

Јазикот ви изгледа чудно

Покрај тоа што недостатокот на железо доведува до тоа јазикот да ви изгледа побледо, може да доведе и до тоа да добие чуден облик. Јазикот е мускул на кој му треба железо од крвта за да може нормално да ја извршува својата функција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...