Сè што треба да знаете за силиконските гради

Иако пред дваесетина години силиконите се сметаа за екстравагантен оперативен зафат, во ова модерно време тие се сосема вообичаена работа. Со нив жените ги добиваат посакуваните облини и секси изглед, најчесто зголемувајќи ги усните, градите и задникот.



Но, колку добро сте информирани на оваа тема? Знаете ли која е препорачаната минимална старосна граница за вградување на силикони, или пак, колку честа појава е нивното пукање? Во продолжение следат неколку податоци кои е добро да ги знаете.

Колку жени вградуваат силикони?

Се проценува дека во САД во 2011-та година, околу 307.000 жени имаат ставено силикони на градите, а тоа е двојно повеќе од статистиката пред 11 години.

Кој сè подлегнува на ваков зафат?

Логичниот одговор би бил жените кои сакаат да имаат поголеми гради, но тоа не е секогаш така. Меѓу оние кои се одлучуваат на вештачки гради се наоѓаат и жени кои претрпеле масектомија заради рак на дојките.

Кога биле вградени за прв пат?

Првиот зафат на вградување на силиконски гради бил направен во 1961-та година. Пред тој момент, луѓето со векови се обидувале да ги зголемат градите на разни начини, но последиците од тоа секогаш биле катастрофални.

Какви сè импланти постојат?

Само два типа на градни импланти се легални: силиконски и салински. Експериментирањето со други материјали често завршува на штета на пациентките.



Која е возрасната граница за вградување на силиконски импланти на градите?

Ескпертите велат дека за салински импланти, препорачливо е пациентката да нема помалку од 18 години, додека за силиконски импланти треба да се чека четири години повеќе.

Колку чини една таква операција?

Постојат импланти со различен квалитет, но цената воглавно се движи од 2000 до 8000 евра.

Дали пукањето на имплантите е честа појава?

Постои реален ризик од оваа непријатна ситуација. Половина од жените се соочуваат со ова несакано искуство 10 години откако им се вградени имплантите.

Дали мајката може да дои доколку има силиконски импланти?

Некои жени ги дојат своите новороденчиња без никаков проблем, но други пак, се соочуваат со компликации.

Како се изведува операцијата?

Воглавно овој зафат се изведува под целосна анестезија и најчесто пациентките се ослободени да си одат дома после неколку часа. Со модерната хирургија, кај повеќето жени не остануваат лузни.



Колку трае заздравувањето од операцијата?

На жената потребни и се околу седум дена за да се врати на нормалните активности после операцијата, а со спорт може да се занимава после шест седмици.

Поврзаност помеѓу силиконите и менталните нарушувања – мит или вистина?

Вистина! Жените кои вградуваат импланти најчесто патат од ниска самодоверба, а статистиката вели дека тие имаат три пати повеќе шанси да извршат самоубиство од жените кои не вградуваат силикони. Исто така, тие се повеќе склони кон злоупотреба на дрога и алкохол.

Дали постои ризик од опасност?

Ризикот секако постои, а опасностите можат да бидат разни. Силиконот може да се распука, а постои и ризик од настанување на капсуларна контрактура, што може да доведе до деформитет на градите.

Силиконите и ракот на дојките

Еден од најголемите проблеми кој го носат силиконските импланти е тоа што истите го отежнуваат откривањето на туморот на дојките на мамограм.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...