Алергични на сончева светлина

Алергијата од сончевата светлина е предизвикана од недостаток на ензими преку кои нервните завршетоци на кожата се исклучиво чувствителни на УВ зраците. Изложувањето на сончевите зраци може да предизвика јадеж и болка, а во поедини случаи и отекување.

Клер Тарнер, која пати од овој вид на алергија, признава дека била скршена кога дознала дека и нејзиниот син Сем ја наследил оваа состојба, која е толку многу сериозна што дури и некои сијалици може да предизвикаат проблеми.



- Ние сме како една фамилија вампири – не можеме да излеземе на сонце и ги поминуваме нашите животи во мрак . Ако на сонце поминам неколку мигови имам чувство дека некој ме полива со жешка вода, изјавила Клер.

Принудена е внимателно да го планира секој дел од нивниот живот – резервирајќи маси во ресторан далеку од прозорците и да ги избегнува одморите во места каде што температурите се високи.

- На Сем многу му е тешко. Тоа е нешто со кое мора да живееме до крајот на нашите животи.

Џорџина Дејвис е уште една личност која пати од оваа состојба. Таа дури мора да ги избегнува екраните и мониторите, кои емитуваат УВ светлост.

- Најлоши се емотивните влијанија. Брат ми и моите деца не патат од оваа алергија, а тоа што никогаш не излегуваме ни ја отежнува работата да стекнеме нови пријателства. Големиот шешир, наочарите за сонце и ракавиците кои мора да ги носам во простории ме прават луѓето да мислат дека сум чудак, изјави Џорџина.

Сепак, таа кажа дека добила надеж консумирајќи витамин Д и преку Facebook успеала да запознае луѓе со слични проблеми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...