Матичните клетки го вратија видот на неколку слепи пациенти

Американските научници со помош на матични клетки успеале да го повратат видот на слепи личности, а оваа нова техника не предизвикала никакви несакани последици. Како што е наведено во научното истражување, 18 пациенти се излечени со ембрионални матични клетки, а не се забележани негативни последици ни 22 месеци по процедурата.



Половина од пациентите имале т.н. макуларна дистрофија, а половина атрофична макуларна дегенерација поради старост, што е втора најголема причина на слепило во светот. Секој пациент кој подлегнал на третманот добил од 50.000 до 150.000 клетки и кај секој од нив е излечено само едното око, а резултатот бил и повеќе од јасен.

Макуларната дистрофија е наследна болест на окото, која најчесто го зафаќа централниот дел на мрежницата, наречен макула и има висока густина на фоторецептори. Обично се јавува меѓу десетта и дваесетта година од животот. Во истражувањето, научниците тврдат дека не се забележани посериозни проблеми поврзани со трансплантацијата на ткивото. Сепак, самата операција и потиснување на имуниот систем, со цел телото да не ги одбие всадените делови, предизвикале одредени несакани последици, па на четири пациенти морале да им ја отстранат катарактата.

Кај десет пациенти има значително подобрување на видот, кај седум не е забележано подобрувањето, а само кај еден пациент се влошила ситуацијата. Лечењето со матичните клетки има голем потенцијал, со кои може да се заменат оштетените ткива на бројни органи – од срцето до бубрегот, па дури може да се излекува и склерозата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...