Аноргазам: Кога не можеш да доживееш оргазам

Меган Ворд никогаш не доживеала оргазам и тој проблем не успеала да го реши дури и кога побарала помош од лекарите. Состојбата на оваа 19-годишна девојка, најчесто се поврзува со општа анксиозност и нервоза, а понекогаш и незаинтересираност за секс.

На студентскиот сајт The Tab таа напишала:

Никогаш, ниеднаш, ни сама, ни со партнер, ни со помош на вибратор, не сум доживеала оргазам. Претпоставувам дека не знам што пропуштам, бидејќи никогаш и не сум го доживеала и не можам ни да замислам какво е чувството.

 

Во март, таа побарала помош од сексуален терапевт, но обидите се покажале како неуспешни.

Сексуалната терапија е специјализиран облик на когнитивно бихевиорална терапија. Преку оваа терапија се обидувате да промените нешто што психолозите го нарекуваат „маладаптивни шеми на размислувања“ за сексот.

Постојат многу причини поради кои жената може да развие аноргазам и може да се манифестира на различни начини. Некои не се ни приближуваат до оргазам, а најчеста причина е недостаток на стимулација. Сепак, тоа не е случај со мене. Имав четири различни видови на вибратори. Сепак, кога ќе се доближам до оргазмот, во главата ми се подигнува ѕид и неволно ја прекинувам секоја стимулација. Се што ми било привлечно, наеднаш ми станува одбивно и не можам да продолжам. Нешто потсвесно ми зборува дека не можам да имам оргазам, а терапевтот се труди да го пренасочи начинот на кој мојот мозок го доживува сексот, пишува Меган.

И покрај терапијата, оваа студентка од Бирминген не успеала да доживее оргазам и престанала да ги посетува сеансите. Меган во целост ја изгубила заинтересираноста за сексот, поради што нејзината врска претрпела огромен притисок. Сепак, нејзиното момче останало со неа. Сега, планира да се врати на сеансите со надеж дека ќе има подобар секс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...