Симптоми и совети како да преживеете мозочен удар

Мозочниот удар доведува до рапидна загуба на мозочните функции, која настанува заради попречување на дотокот на крв во мозокот. До ударот доаѓа кога ќе прсне мозочната анеуризма или кога ослабен или воспален крвен сад во мозокот ќе почне да крвари.



Насобраната крв предизвикува зголемување на притисокот, кој може да го уништи ткивото кое го попречува нормалниот проток на крв во критичното подрачје. Овој вид на мозочен удар е смртоносен во 80 проценти од случаите.

Мозочниот удар е еден од најчестите причинители на смртност, па затоа важно е да се научи да се препознаваат неговите први симтпоми, со што би можеле да помогнете некому во неволја, но и да си го спасите сопствениот живот.

Вообичаените симптоми на мозочен удар се:



- Ненадејна отапеност на телото или слабост на лицето, рацете или нозете (особено само едната страна од телото)

- Ненадеен настап на збунетост

- Потешкотии со говорот или со разбирање на говорот на другите

- Ненадејни проблеми со видот на едното или двете очи

- Ненадејна вртоглавица, загуба на рамнотежата или координацијата

- Нагла силна главоболка



Доколку се сомневате на мозочен удар, проценете ги симптомите на следниот начин:

1. Замолете ја личноста да се насмее. Дали мускулите на едната страна од лицето се толку опуштени што висат?

2. Замолете ја личноста да ги подигне и двете раце пред себе. Може ли да ги подигне и двете подеднакво високо?

3. Замолете ја личноста да изговори едноставна реченица. Обрнете внимание дали постои отежнат и неразбирлив говор.



Доколку вашите сомнежи се потврдиле, веднаш повикајте брза помош! Немојте да седите збунети и да чекате, бидејќи колку повеќе време поминува, толку поголема штета ќе претпри мозокот.

Доколку имате избор почекајте ја брзата помош. Немојте сами да го одвезете пациентот во болница. Пациентите кои ги превезуваат болничарите порано добиваат соодветен третман.

Запомнете кога точно се појавиле симптомите и известете ги болничарите за тоа. Постојат временски рамки во кои одредени лекови се неупотребливи.

Она што е многу важно и што треба да го имате на ум е доколку личноста чувствува болка, немојте никако да и’ давате аспирин, бидејќи тоа може само да го влоши крварењето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...