Анемијата ја зголемува склоноста кон инфекции

Иако железото сочинува 4% од Земјината кора, податоците на СЗО покажуваат дека околу 40% од популацијата на планетата имаат симптоми на анемија, предизвикани од недостаток на овој елемент.

Најзагрозени се жените за време на менструалниот циклус, бремените жени во втората половина на бременоста, децата во претшколска и школска возраст.



Научниците предупредуваат дека адолесценцијата е особено критичен период за баланс на железото, бидејќи повеќе се троши поради зголемување на мускулната маса кај двата пола и поради менструалните крвавења кај девојките. Потребите за железо во овој период се до 18мг дневно. Оптималната исхрана обезбедува околу 6мг железо на 1.000 калории, а со лошиот избор на храна лесно може да настане анемија.

- Првите симптоми на слабокрвност најчесто се слабост, умор, омалаксаност. Како што болеста напредува, може да се јави и вртоглавица, бледило, главоболка, треперење на очите, болки во мускулите и отоци на нозете во вечерните часови, вели д-р Невенка Димитриевиќ, специјалист по општа медицина.

Кај тинејџерките може да дојде до прекин на менструалното крвавење, а воочено е дека анемичните деца се пониски од своите врсници. Ако анемијата настане наеднаш, како при крвавење, клиничката слика доминира со шок и срцева инсуфициенција. Лекарите нагласуваат дека анемијата мора да се лечи, бидејќи ако нема доволно железо, кислородот не стигнува до клетките.



- Железото е неопходно за хемоглобинот, а кога го има помалку, апсорпцијата е послаба од другите минерали и елементи во крвта, што може да доведе до поголема чувствителност на инфекција, објаснува д-р Димитриевиќ.

Во најголем број случаи, анемијата може да се спречи со правилен избор на намирници. Железото најмногу го има во белото месо, рибата, различните видови црвено месо и во внатрешноста на црниот дроб. Освен тоа, некои аминокиселини, витаминот С, фруктозата и лактатите ја зголемуваат апсорпцијата на железото.

Иако во овошјето има многу железо, тоа лошо се апсорбира, бидејќи овој процес го отежнуваат оксалатите, фосфатите и полифенолите, а во житариците – фитатите, кои создаваат нерастворливи комплекси. Поради тоа, железото подобро се ресорбира со јајцата, отколку со овошјето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...