Необичен третман за продолжување на живот на организмите

Студија вршена во Макс Планк институтот за биологија на стареењето во Колоњ, Германија, покажала дека консумирање на изметот на помладите може да го продолжи животот.

Генетичарот Дарио Валенцано ја водел оваа прва студија од ваков тип каде што „трансплантирал“ стомачни микробиоми од млади тиркизни кили риби во постари, со цел да ги анализира потенцијалните ефекти врз нивната долговечност.

Претходни истражувања индицирале дека како луѓето и глувците стареат, разновидноста на нивните стомачни микробиоми се намалува и тие стануваат сè повеќе еднолични, па така Валенцано и неговиот тим се запрашале дали овие микроорганизми имаат некаква улога во стареењето. Африканските кили риби биле одбрани за оваа студија бидејќи сексуалната зрелост ја достигнуваат за 3 недели од раѓањето и често пати умираат по неколку месеци, правејќи ги оптимален примерок за истражување на стареењето.

Тие третирале „средновечни“ риби (стари 9.5 недели) со антибиотици за да им се отстрани стомачната флора, кои потоа биле поставени во стерилни аквариуми кои ја содржеле содржината од стомаците од млади 6 недели стари риби. Тимот истражувачи забележал дека иако рипките доброволно не го јаделе изметот, тие ја истражувале содржината за да потврдат дали е храна, голтајќи ја стомачната флора во процесот.

Ова резултирало со драматични ефекти на животниот век на постарите риби, со продолжување на нивниот животен век за 41% во споредба со младите риби кои добивале микробиоми од постарите. Постарите риби исто така имале подолг животен век за 37% во споредба со рибите кои не добивале никаков третман.

Валенцано сугерира дека како старееме така и нашиот имун систем се „троши“, дозволувајќи на штетните микроби да доминираат во стомакот. Внесувањето на помлади стомачни микроби би можело да го подмлади имунолошкиот систем, одложувајќи ги симптомите од стареењето. Според него, оваа процедура мора да се студира и кај животните чија анатомија е слична на човековата, пред да утврдиме дали таа има шанси да ни ги продолжи животите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...