Делови од телото кои ни се остатоци од еволуцијата

Некои делови на човечкото тело немаат никаква функција иако кај нашите далечни предци било поинаку.

Еволутивниот антрополог Дорса Амир од колеџот Бостон направила листа на овие „еволутивни остатоци“ кои иако денес немаат функција, сепак останале кај луѓето поради тоа што не претставуваат закана по нашето здравје.

1) Мускулот Palmaris Longus



Доколку ја поставите раката како на сликата, ќе може да забележите (или не) испакнат мускул. Тој е наречен palmaris longus и на нашите предци им помагал во зафатот при качувањето по дрвја. Откако пред околу 3.2 милиони години сме почнале да чекориме на две нозе, тој станал непотребен, а денес околу 14% од луѓето воопшто го немаат. Инаку, цврстината на зафатот денес воопшто не зависи од тоа дали го имате или немате мускулов.

2) Дарвиновата испакнатина



Малечката испакнатина на увото е наречена Дарвинова и порано помагала во движењето на ушите. Сега кога имаме супер флексибилен врат, тоа повеќе не ни е потребно и користењето на аурикуларните мускули (кои го контролираат видливиот дел на увото) повеќе не е можно.

Оваа карактеристика им помага на другите цицачи да го движат увото за да го локализираат звукот или да изразат емоција.

3) Кокикс (тртица)



Оваа коска е потсетник на опашките кои нашите претци некогаш ги имале, а кои им користеле за балансирање и движење по дрвјата. Човечките ембриони развиваат опаш помеѓу 5 и 8 недели по зачнувањето, но тој исчезнува додека дојде времето за породување, а преостанатите пршлени се спојуваат за да ја формираат оваа коска.

4) Plica semilunaris – трет очен капак



Малечката розова мембрана на работ на окото е plica semilunaris и порано таму се наоѓал трет очен капак кој трепкал хоризонтално. Денес слична таква мембрана има на очите на многу други животни како птици, рептили, па и некои цицачи, кои со неа ги покриваат очите за да ги оддржат влажни и да ги заштитат од оштетувања.

5) Arrector pili мускулни влакна



Arrector pili мускулните влакна при контракција го создаваат ефектот на „наежување“ на кожата. Нашите претци кои имале многу повеќе влакна тоа го користеле како предност, но денес од нив немаме никаква корист.

Кај животните со дебело крзно, ваквите мускулни влакна овозможуваат дополнителна изолација, а на некои животни им помагаат да изгледаат поголеми – како на пример боцкавото прасе.

6) Машките брадавици



Машките и женските фетуси во почетокот се развиваат на ист начин, а тестостеронот го активира формирањето на машките сексуални органи подоцна во развојот. Но, пред овој хормон да се активира, формирањето на брадавиците е веќе започнато.

Природно, мажите не се способни за лактација, но високо ниво на пролактин (хормон кој помага за создавање на млеко во телото) може да го креира овој ефект. Лактацијата е несакан ефект на дигоксинот, лек за срцеви заболувања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...