Човечкиот мозок работи понапорно кога се натпреварува против роботи

Човечкиот мозок работи многу понапорно кога се натпреварува против роботи, открија научниците.



Истражувачите од Универзитетот во Флорида анализирале десетици часови на пинг-понг натпревари каде луѓето се натпреварувале против машини и едни со други. Играчите носеле капи со електроди за да може да се следи нивната мозочна активност за време на игрите.

Научниците откриле дека кога играле еден против друг, мозокот на играчите работел во дует или што би се рекло „како сите да зборуваат на ист јазик“.

Но, кога се соочиле со машина за сервирање топки, невроните - нервните клетки - во нивните мозоци не биле подредени на ист начин, феномен познат како десинхронизација.

-Ако имаме 100.000 луѓе на фудбалски стадион и сите навиваат заедно, тоа е како синхронизација во мозокот, што е знак дека мозокот е опуштен. Ако ги имаме истите тие 100.000 луѓе, но сите тие разговараат со своите пријатели, тие се зафатени, но не се синхронизирани, вели Даниел Ферис, професор по биомедицинско инженерство на Универзитетот во Флорида.

Истражувањето објавено во списанието eNeuro, покажува дека мозокот работи понапорно кога игра против роботи, бидејќи машините не даваат никакви знаци за тоа што ќе прават следно.

-Луѓето во интеракција со роботи ќе бидат поинакви отколку кога комуницираат со други луѓе. Нашата долгорочна цел е да се обидеме да разбереме како мозокот реагира на овие разлики, објаснува професорот Ферис, кој е еден од авторите на студијата.

Истражувачите рекоа дека како што роботите стануваат повообичаени и пософистицирани, разбирањето како човечкиот мозок реагира на потезите на противникот може да им овозможи на инженерите да дизајнираат роботи со поприродно однесување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...