Една нова студија објавена во Nature сугерира дека косата може да стане сива поради матичните клетки кои се „заглавуваат” во влакното. Кога тоа ќе се случи, косата не може да созрее и на тој начин не може да ја задржи својата боја.

Студијата во голема мера се фокусира на матичните клетки на меланоцитите (McSCs), кои би можеле да бидат од витално значење за изнаоѓање лек за побелената коса. Овие конкретни матични клетки можат да се движат помеѓу одделите за раст во фоликулите на косата. Сепак, научниците велат дека како што стареат тие заглавуваат во фоликулите, што предизвикува појава на сиви влакна.
Истражувачите открија дека овие клетки нормално се движат помеѓу одделите за раст кои се наоѓаат во фоликулите на косата и дека нешто во оваа транзиција предизвикува клетките да созреваат. McSC се развиваат од нивната примитивна варијација до нивната позрела верзија, во зависност од нивната локација.
Меѓутоа, како што косата старее и опаѓа, а потоа повторно расте, овие специјални матични клетки се заглавуваат во испакнатоста на фоликулот на косата, што може да биде причината косата да побелее бидејќи клетките не се способни да се движат низ фоликулите слободно.
Ваквиот тип на клетки може да се најдат кај глувците и кај луѓето. За потребите на оваа студија биле разгледувани клетките кај глувците. Ако наодите од студијата важат и за луѓето, истражувачите велат дека тоа би можело да помогне во изнаоѓањето на нови начини за спречување на седата коса.