Во Арапската пустина откриени римски воени логори од пред 2.000 години

Археолози пронајдоа три воени логори во Арапската пустина од пред речиси 2.000 години, од времето на Стариот Рим. Наодите кои првпат се забележани на „Google Earth“, се изненадувачки добро сочувани и даваат увид во римските походи на Арапскиот Полуостров во 2. век од нашата ера, јави BBC.



Истражувачите од Универзитетот Оксфорд посочуваат дека логорите би можеле да послужат како доказ за походот на Римјаните во Набатејското Кралство - југоисточен Јордан и денешна Саудиска Арабија во 106. година. Д-р Мајкл Фредли е прв кој ги идентификуваше логорите.

- Речиси сме сигурни дека тие биле изградени од римската војска, со оглед на типичниот облик на постројката како „карти за играње“ со спротивставени влезови долж секоја страна. Веројатно, логорите биле изградени како одбранбени утврдувања додека Римјаните ги освојувале арапските земји. (Камповите) биле користени само денови или седмици, објасни д-р Фредли.

Друг воен стручњак за римскиот период, д-р Мајк Бишоп смета дека овие логори се доста „спектакуларно ново откритие“ за Римската Империја.

- Ова е важен нов увид во римските походи во Арабија. Римските утврдувања и градби покажуваат како Рим држел една провинција, но привремените логори откриваат како на прво место ја стекнувале истата, додаде историчарот.

И проф. Ендрју Вилсон, кој исто така, има удел во написот во списанието „Antiquity”, верува дека фактот што повеќето западни кампови се многу поголеми од другите, кажува многу за природата на овие воени походи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...