Зошто археолозите се плашат од отворање на гробницата на првиот кинески цар?

Во 1974 година, кинески полјоделци наидоа на едно од најзначајните археолошки откритија во провинцијата Шанши, во Кина. Додека ја обработувале почвата, откопале глинена фигура, којашто само го навестило она што лежи под неа. Последователните ископувања открија низа јами со илјадници воени статуи од теракота во природна големина во облик на војници и воени коњи. Се чини дека оваа војска од теракота служела како заштитници на мавзолејот на Ќин Ши Хуанг, првиот кинески цар.



Но, смртните стапици, како труење со жива се само дел од грижите со коишто се соочуваат археолозите кои размислуваат за ископувања во самата гробница на царот, кој владеел од 247 до 221 година п.н.е. Овој Мавзолеј е оддалечен околу 1.500 метри од теракотните статуи.

Така, и покрај опсежното истражување на околните наоѓалишта, гробницата на кинекиот цар останува неистражена, обвиткана во мистерии повеќе од две илјади години. Главната причина за оваа неподготвеност, сепак лежи во можноста и стравот дека ископувањата би можеле да ја оштетат гробницата, како и од губиток на непроценливи историски податоци.

Во моментов, единствениот начин за пристап до гробницата вклучува инвазивни археолошки методи, полни опасност од непоправливи штети. Пример за тоа се ископувањата кај градот Троја 1870-тите, под водството на Хајнрих Шлиман, кога тимот истражувачи, што во брзање, што од неискуство, избришале бројни траги од градот којшто имале намера да го разоткријат. и одгатнат. Археолозите се решени да не ги повторуваат ваквите избрзани грешки.

Како би можел гробот да се ископа?

Во потрагата по помалку инвазивни техники, научниците предложуваат методи како што се употребата на миони, субатомски честички што се создаваат кога вселенските зраци се судираат со атмосферата на Земјата. Мионите функционираат како напредни икс-зраци, коишто може да продрат во тврдо тело без физички упад. За жал, повеќето од овие предлози сè уште не заживеаја.

Освен можното оштетување, отворањето на гробницата има уште посериозни опасности. Во напис на древниот кинески историчар Сима Кијан, кој живеел 3 - 4 века по смртта на царот, се открива дека гробницата била опремена со „стапици“ за можните натрапници. Во гробницата се чуваат скапоцени артефакти и извонредни богатства.

„Занаетчиите на царот имале задача да направат лакови и стрели коишто ќе ги одвратат сите прекршители“, пишува Кијан. - „Дури и ако тие архаични оружја стари 2.000 години не успеат, следи излив од отровна течна жива што ги чека оние кои се осмелуваат да ја осквернат гробницата.“

Сѐ ова може да звучи како фиктивна закана, но современите научници кои ги испитувале нивоата жива околу гробот открија концентрации значително повисоки од она што би се очекувало во обичната почва.

Високо-токсичната жива можеби протекла низ пукнатини што со времето се развиле во градбата на гробницата, потврдувајќи ги записите на античките хроничари за тоа дека гробов никогаш не бил отворен или ограбен, се вели во научен труд од 2020 година.

Така, гробницата на првиот цар на Кина останува запечатена и недостапна, иако далеку од заборавена. Истражувачите се надеваат дека научниот напредок конечно ќе може да овозможи разоткривање на долгочуваните тајни.

Што се однесува до самиот владетел, значителен дел од неговиот живот ѝ го посветил на потрагата по легендарниот „еликсир на бесмртноста“ - во којшто поверувале многу моќници во минатото. Царот, се вели, презел и долги патувања во потрага по оваа митска напивка, па испратил и експедиција што требало да го најде легендарниот остров којшто наводно содржи огромни количини од овој тн. еликсир. Замислувајќи се себеси како бог и копнеејќи по вечен живот, царот конечно прибегнал кон консумирање мешавина од жива, надевајќи се дека тоа ќе му даде бесмртност. Очекувано, тоа всушност ја предизвикало неговата смрт на 50-годишна возраст, по 37 години на престолот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...