Прашањето за кое веќе со години се водат бројни дискусии конечно доби одговор. Новото истражување на универзитетот во Падова, се обиде да одговори на прашањето зошто преживуваат гените поврзани со машката хомосексуалност, со оглед на тоа дека геј мажите немаат деца.

Резултатите од истражувањето покажаа дека жените често имаат повеќе деца кога ќе го наследат тој, засега недефиниран генетски фактор, кој е поврзан со машката хомосексуалност, пренесува „Хафингтон пост“. Нивното откритие исто така ја поткопува теоријата за единствениот „геј ген“.
На чело на истражувањето беше професорот Андреа Камперио - Циани. Тој со својот тим анкетираше 161 хетеросексуални мажи за нивните најблиски роднини. Открија дека роднините на геј мажите просечно имаат повеќе деца отколку жените кои се во род со хетеро мажите. Но, влијанието е видливо само на мајчината страна на семејството.
- Мажите наследуваат само еден Х хромозом, тој од мајката. И ако тој го вклучува генот кој „промовира“ хомосексуализмот кај мажите, поверојатно е дека и тој самиот ќе стане хомосексуалец, додека неговите женски роднини веројатно ќе имаат многу деца. Во случај тој хромозом да го наследи ќерката, таа можеби нема да има хомосексуални наклоности, но може тоа да се пренесе на своите деца, рече Камперио-Циани.