Запрепастувачко откритие: Исус имал жена

Папирусот, со 8 x 4см големина, најверојатно потекнува од периодот меѓу 6 и 9 век. Овој папирус, во кој се спомнува жената на Исус, не е фалсификат, докажуваат научниците кои работеле на контроверзниот текст.



Тие веруваат дека овој папирус потекнува од Египет. Во него се испишани неколку нецелосни редови текст, напишани на стар египетски јазик, во кој пишува: Исус им кажа, Моја жена, Таа ќе може да биде мој ученик.

Ова откритие во 2012 година дигна огромна прашина. Со оглед на тоа дека христијаните веруваат дека Исус не бил оженет, ова покрена уште поголема дебата за целибатот и улогата на жената во црквата. И покрај тоа што пред две години Ватикан го прогласи документот за фалсификат, научниците деновите сфатија дека воопшто не се работи за фалсификат. По радио-карбонското датирање и анализата на мастилото, направена со помош на микроспектроскопија, научниците покажаа дека се работи за оригинален документ.



Она што остана непознато е потеклото на папирусот. Во 2012 година овој папирус го добила Карен Кинг, професорка по историја на рано христијанство на универзитетот Харвард, и тоа од приватен колекционер кој сакал да остане анонимен. Сепак, таа смета дека и покрај тоа што научниците докажале дека се работи за древен папирус и понатаму не претставува никаков доказ дека Исус бил оженет, туку дека раните христијани активно дискутирале за целибатот, бракот, фамилијата, сексот и можноста жените да бидат Исусови ученици.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...