Зошто одложувам сè за утре?

Ако спаѓате во личностите кои никогаш не ги плаќаат сметките на време, не стигнуваат да набават карти за концертот бидејќи го чекаат последниот час или доцнат при купување подарок – тогаш имате проблем кој во психологијата стручно се нарекува прокрастинација, што во превод значи „одложување од еден ден до друг“.



Во магазинот „Psychology today“, научниците објаснуваат дека проблемот со одложувањето и одолговлекувањето на обврските го поседуваат дури 20% од луѓето. Исто така тие тврдат дека овој проблем не е толку сериозно признат во општеството, иако би требало да биде. Луѓето кои секогаш ги одложуваат работите немаат проблем со погрешна перцепција на времето, туку со самоконтролата и всушност се саботираат самите себе и си поставуваат препреки на патот кон успехот.

Се нагласува дека поединците кои спаѓаат во оваа група, не се така родени, туку тоа го научиле во кругот на семејството. Ако таткото е строг и сака да контролира, тоа доведува кај детето да не се развие доволно самоконтролата. Ако личностите кои одлагаат се склони кон алкохол, тоа е затоа што имаат проблеми со самоконтролата.



Научниците идентификувале три вида луѓе кои одолговлекуваат: оние кои се водат со возбудата и себеси се сметаат за најдобри кога се под притисок, оние кои ги избегнуваат обврските поради страв од неуспех и оние кои не можат да донесат одлука бидејќи сметаат дека тоа ги ослободува од одговорноста за резултатот на некое случување, односно „не одлучиле и не се криви“.

Последиците по здравјето може да бидат големи. Научниците спровеле истражување меѓу студенти и утврдиле дека имале поголем број на одложувања поради разни психоматски потешкотии, а пателе и од несоница. Овој психолошки проблем влијае не само на оној кој го има туку и на опкружувањето – пренесувањето на одговорноста на колегите или пријателите доведува тие да станат незадоволни и лути. Одложувањето ја уништува тимската работа, работното опкружување, но и приватните обврски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...