Што се крие зад мистериозниот кратер на Марс?

Кратерот со необична форма што неодамна беше забележан од страна на НАСА и создаде збунетост кај научните кругови, по сè изгледа има мошне едноставно објаснување. Претпоставката е дека кратерот на површината на црвената планета е создаден како резултат на подземен мраз.

Теоријата се потврди откако под самиот кратер е пронајдена плоча од мраз со дебелина од 40 метри.

Вообичаено кратерите имаат облик на сад и немаат испакнатини по ѕидовите (не се слоевити), кои пак се создаваат како резултат на карпи и мраз.

Кога се формира кратерот, шок ударот од телото што ја удира површината на планетата варира во зависност од тоа каква е подлогата на земјата што се наоѓа под местото каде е ударот.

-Ако има послаб материјал во еден од слоевите, шок ударот полесно го потиснува тој слој при што се создаваат испакнатините помеѓу поцврстиот и помекиот материјал, вели Али Брамсон, студент од Планетарната лабораторија од Универзитетот од Аризона кој заедно со уште неколку колеги деновиве ги анализира кратерите.

Ваквите типови на кратери се вистинска реткост, но по сè изгледа дека површината на Марс во овој случај била како создадена за нивното формирање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...