Научниците изненадени од присуството на кислород во комета

Научниците објавија дека откриле големи количини кислород на кометата 67Р/Чурјумов-Герасименко, која во август прелета покрај Сонцето, со европската сонда Розета.

- Откритието, карактеризирано како „големо изненадување“, би можело да го доведе во прашање постоењето на теоријата за создавањето на сончевиот систем, изјавил научникот Андре Билер од универзитетот во Мичиген.



Мерењата кои ги направила Розета покажуваат дека постојат молекули кислород во кометата. Научниците сметаат дека овие податоци би можеле да влијаат врз нашите сфаќања за создавањето на сончевиот систем од пред 4.6 милијарди години.

- Веруваме дека овој кислород е праисконски, односно постар од сончевиот систем, истакнал Билер.

Научниците до сега сметале дека нема кислород на кометите како што е 67Р/Чурјумов-Герасименко, која е предмет на интензивно проучување и истражување од европската вселенска лабораторија.

- Со оглед на тоа дека лесно се меша со други елементи, некои од научниците верувавале дека кислородот не може да преживее толку долг период во чиста состојба. Доказот за кислородот како древна супстанца, лесно може да ги дискредитира поедини теориски модели за создавањето на сончевиот систем, смета Катрин Алтвег од универзитетот во Берн.

Сондата Розета постојано ја следи кометата, чија историска мисија е да го открие тајното потекло на животот на Земјата. Научниците веруваат дека кометите го донеле животот на Земјата. Тие неколку месеци ја следеле концентрацијата на кислородот во водата на кометата за да видат дали молекулите ќе се распрснат под удар на соларни ветрови. Поради тоа што не се случило се докажало дека кислородот се наоѓа на самата комета, а не околу нејзината површина.



Водечките теории претпоставуваат дека сончевиот систем е создаден во хаотично мешање на материјата која лебдела во правец и од правец на штотуку настанатото Сонце. Чистите, ледени честички кислород не би опстанале во така насилно опкружување, сметаат истражувачите и заклучуваат дека целиот процес мора да биде „понежен“.

Молекули кислород до сега се пронајдени два пати во сончевиот систем, надвор од Земјината атмосфера и тоа на ледените месечини на Јупитер и Сатурн, но никогаш на комета. Новите податоци кои сондата Розета ги собра, сугерираат дека присуството на вода на кометите претставува повеќе како правило отколку како исклучок, сметаат научниците.

Молекулите кислород се четврт најчест гас откриен во остатоците на магливите мембрани на кометите. Нивното присуство не ни зборува за потеклото на живот на Земјата, ниту за можното присуство на некое друго место во универзумот.

- Во случај на егзопланета, комбинацијата од кислород и метан е како знак за можно постоење на живот. На кометата ги имаме и едното и другото, но не и живот. Ова значи дека кислородот можеби и не е најдобриот биопотпис, заклучи Алтвег.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...